Гламурозна манекенка е ослободена од обвинение дека украла часовник Ибло вреден 32 250 евра од ирачки бизнисмен додека присуствувала на забава во луксузен апартман. 24-годишната Гема Боал наводно го собрала скапоцениот предмет од ексклузивен стан во Најтсбриџ, Лондон.

mn02

Фарханк Мејид го изнајмил станот за во него да се организира богата забава додека проестојувал во централен Лондон, но повикал полизија кога забележал дека му исчезнал скапоцениот часовник. По инцидентот, Боал била обвинета за кражба, откако Ирачанецот ја посочил бујната манекенка како виновник. Но, по неуспехот на жртвата да посочи цврсти докази, а згора на сѐ не се ни појавил во судницата, денес судот ја ослободил од обвинение напоменувајќи дека неговото отсуство е знак на непочитување на судот.

mn03

Според адвокатот на девојката, таа морала да го продаде својот автомобил и да им се обрати на своите родители за помош за да мине низ процесот за кој тврди дека е лажно обвинение против неа. Што навистина се случило, сега може само да се претпоставува.

mn01

Сподели на Facebook
пати видено