1. Сите мои бивши девојки се толку грди и прости… Не ми е јасно како сум можел да бидам со нив.
2. Што? Уште ли не си ги потрошила парите што ти дадов вчера? Срамота!
3. Мајка ти си отиде само пред 10 минути, а веќе ми недостига.
4. Без шминка си многу поубава.
5. Јас ќе поминам со правосмукалката, а ти излези на кафенце со другарките, да не ти бучам.
7. Што има врска колку чини и дали ни треба? Ако ти се допаѓа, го купуваме.
8. Ми се чини дека на телевизија даваат премногу фудбал.
9. Обожавам да те гледам како се одмараш.
10. Мислам дека со нов Ајфон ќе ти биде поубаво да разговараш со мајка си за вчерашната серија.
11. Замисли – постојат мажи кои наместо да отидат со жената на театар, преферираат да пијат со другарите! Простаци.
12. Дури и кога ги мијам садовите, не престанувам да мислувам „што ќе правев без тебе?“
13. Колку е убаво, кога во недела пријателките ти остануваат на кафе до подоцна.
14. Се разбира дека ќе успеам да ги завршам поправките на станот пред да се вратиш од Малдивите.
15. Па што ќе ми е мене и кошула и вратоврска! Дај да ти го купиме тоа кожно палто, многу добро ќе ти стои.
16. Денес не сакам да имаме секс. Сакам само да се галиме.
17. Се разбира дека те сакам повеќе од сексот.
18. Не, не, срце, твоите работи во бањата воопшто не ми пречат да истуширам.
19. Како може да имаш само 82 пара чевли? Мила, колку си скромна… Еве ти пари и оди да си купиш уште неколку пара.
20. Што? Да готвиш? Ти полуде ли? Зошто тогаш луѓето ги измислиле рестораните?
21. Пријателките ти се многу фини, но сите се подебели од тебе.
22. Мајка ти е прекрасен човек. Зошто не ја поканиме да живее кај нас?
23. Не, не сакам да зборувам за мојот нов автомобил. Толку е досадно да се зборува за автомобили. Ајде да зборуваме за хороскопот.
24. Уф, денеска сум многу нервозен. Оди да си купиш нешто, па да се смирам.
25. Не разбирам како може некои мажи да купуваат “Плејбој”, за да ги гледаат оние ужасни к*рви, кои иако со Фотошоп, пак имаат грди.
26. Додека јас сум ти маж, во оваа куќа фудбал нема да се гледа!

Сподели на Facebook
пати видено