Француски пекар решил да ја продаде својата пекарница на локален бездомник по цена од само едно евро затоа што му го спасил животот кога тој се онесвестил од труење со јаглерод моноксид. 62-годишниот Мишел Фламан бил пекар уште од неговата 14-годишна возраст и има пекарница во градот Дол, во департманот Јура, источна Франција.

luge (1)

Често го гледал бездомникот Џером Окан како проси ситни пари пред неговата покарница и наместо да го брка, често го му давал кафе и кроасан. Во декември добил голема награда за оваа негова дарежливост.

luge (2)

Фламан печел леб во својата пекарница, кога наеднаш му станало многу лошо. „Откако дојдоа да му ја поправат печката, тој со денови се чувствуваше уморен“, вели продавачката Моник Гулмон. Тоа било последица на лошо поправената печка од која протекувал јаглерод моноксид, кој нема мирис и е смртоносен ако се вдиши во затворен простор.

luge (3)

Додека работел, на Фламан многу му се слошило и се онесвестил. Токму во овој момент влегол Окан, кој сакал да си поразговара и да се стопли од студот. Кога го видел пекарот онесвестен, го извлекол и повикал брза помош.

luge (4)

„Да не се појавеше Жером тој ден, ќе ме однесоа право на булеварот на починатите“, изјавил Фламан. Доколку бездомникот не го спасил, Фламан ќе го изгубел својот живот за само 15 минути изложеност на смртоносиот гас.

luge (5)

Кога се вратил од болница, пекарот му понудил својот спасител да работи кај него како чирак. Откако видел дека Жером е вреден, способен и желен за работа, а ниедна од неговите три ќерки не била заинтересирана да го продолжи татковиот занает, пекарот решил да му ја даде пекарата за симболична цена од едно евро.

luge (6)

„Што е поважно, парите или животот?“ – прашува пекарот. „Не сум богат, но воопшто не ми е грижа за парите. Сакам да сум слободен, да имам мир сега. И ако пекарницата го прави среќен – уште подобро“, вели Фламан.

luge (7)

luge (8)

luge (9)

luge (10)

luge (11)

Сподели на Facebook
пати видено