Финската влада изготвува нацрт план со кој ќе ги мотивира да сакаат да работат. Имено, на сите свои граѓани ќе им даваат основен месечен приход од 800 евра и целосно ќе ја укинат социјалната помош.

Анкета спроведена од агенцијата која стои зад предлогот, Финскиот институт за социјално осигурување, покажа дека 69 отсто од граѓаните го поддржуваат планот, кој исто така е поддржан и од страна на финскиот премиер Јуха Сипила.

fn01

„За мене основниот месечен приход значи поедноставување на системот за социјална сигурност.“ вели тој. Предлогот опфаќа план на секој Финец да му бидат обезбедени 800 евра ослободени од данок, што владата би ја чинело 52,2 милијарди годишно. За овој предлог владата ќе донесе конечна одлука во ноември 2016.

Холандија исто така планира сличен чекор, при што се планира пилот проект за следната година.

Сподели на Facebook
пати видено