Наградите за најсмешно домашно милениче оваа година привлекоа дури 2.500 учесници од 73 земји и секој од нив е голем љубител на животни. Фотографите се борат за награда од 2.680 долари и секако можноста нивното милениче, а и тие да станат познати. Целта на натпреварот е да се покаже вистинското лице и невиноста на животните и целиот настан е во партнерство со хуманитарни организации.

 

Од „Најсмешното домашно милениче 2017“ своите цели ги опишуваат вака: „Ние ги сакаме нашите миленичиња. Сите од нас вклучени во ова натпреварување сме целосно вљубени во нашите животни. Имајќи го ова на ум, ние сме навистина заинтересирани кога уживаме во многу прекрасни забавни слики со миленичиња, ја користиме и оваа прекрасна можност да ги охрабриме сите да бидеме подобри „сопственици“ ако можеме така да се наречеме или можеби „родители“ на суштествата во нашата грижа.“

Во натпреварот за прв пат била вклучена и награда за „Миленик кој наликува на сопственикот“ и илјадници луѓе се пријавиле и за оваа категорија. Откако судиите внимателно ги разгледале фотографиите и дебатирале победник на натпреварот бил Нандо Хармсен од Холандија, кој ја доставил забавната фотографија подолу.

Том Сулам африкански пејзажен фотограф и основач на наградите, бил воодушевен од поддршката која што ја добил настанот, особено од оние кои имаат помало познавање од фотографирањето. „Иако некои слики беа снимени на паметни телефони, повеќето од нив беа остри и добро компонирани и како фотографи, Паул и јас бевме воодушевени да видиме толку многу квалитет од учесниците кои користеа непрофесионална фотографска опрема!“, вели Том. Погледнете ги и останатите финалисти.

Сподели на Facebook
пати видено