Пристигнувајќи во Ерусалим, Исус изрекол невообичаено обвинување кое ги вбеснало свештениците и книжниците во светиот град: „Секоја тајна којашто сте ја криеле ќе се дознае. Тоа што сте го шепотеле на скришни места ќе се извика од покривите.“ За што тоа говорел Исус? И како се стекнал со знаењето коешто било толкава закана за тие моќници?

Во вториот век, грчкиот философ Келс напишал непроценлива книга за христијанството врз основа на постари извори, сега изгубени. Христијанскиот писател Ориген напишал книга во одговор на таа книга на Келс, често цитирајќи делови од неа. Од посебен интерес е неговата изјава дека сиромаштијата го натерала Исус да отпатува во Египет кадешто синот на дрводелецот ќе можел да најде работа. И токмутаму научил „некакви вештини по коишто билепознати Египќаните. Потоа, враќајќи се од таму, тој почнал високо да мисли за себеси, за да се прогласи себеси за Бог.“ Во истиот пасус Келс дава опис на дарбата на Египќаните за куклени претстави. „Овие магионичари прикажуваат животни како се движат, а тоа всушност не се животни, но само во замислувањето се јавуваат како такви.“

I03

Како и извежбаните магионичари од Египет, и Исус се прославил по својата способност да истерува демони и да ги лекува умствено болните. Неговата умешност во употребувањето на моќта на сугестијата му овозможила да ги изведува овие впечатливи егзорцизми (вреди да се одбележи дека своите чуда не можел да ги изведува во својот роден град, кадешто луѓето не се восхитувале на неговата репутација.)

I01

Некои претпоставуваат дека Исус станал свесен дека египетските вештини долго време се употребувале во политички цели. Хипнотизмот и куклените вештини биле значаен клуч кој можел да ја отклучи тајната приказна којашто свештениците и книжниците во Ерусалим сакале да ја сокријат.

Исус направил неговото влегување во Ерусалим да се совпаѓа со Пасха, светиот ден со кој Евреите се сеќаваат на пресвртната точка во нивната историја кога избегале од Египет, предводени од Мојсеј. Како што вјавал во градот, народот, кој верувал дека спасителот конечно пристигнал, фрлал палмини листови по патот пред Исус. Бурните собири набргу го привлекле вниманието на „главните свештеници и книжници“, на коишто не им било многу мило поради овие искажувања на восхит.

I04

Во тоа време Рим владеел со сиот познат свет. Нормално, на нив им било прагматично да ги користат локалните принцови и кралеви како полномошници да владеат во нивно име. Но, во тоа време таму бил присутени Понтиј Пилат, управителот на римската провинција Јудеја. Пилат бил еден од трите луѓе вклучени во заговорот да се убие Исус. Другите биле Јосиф Кајафа, левитски висок свештеник во Ерусалим, и Ирод Антипа, владетелот на Галилеја. Исус него го нарекувал со зборовите „таа лисица.“ Се сметало дека Ирод Антипа (20 пр.н.е. до 39 н.е.) бил половина Евреин, бидејќи неговите предци биле од Едом, а не од Израел. Неговиот татко, Ирод Велики, бил одговорниот за фабулозната градба на Ерусалимскиот Храм; кога Исус пристигнал во Ерусалим, надворешните градби сѐ уште се граделе.

Исус ги обвинил Јосиф Кајафа и Ирод Антипа за лицемерие со зборовите: „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, бидејќи им градите гробници на пророците и ги украсувате гробовите на праведниците и велите: ‚Да живеевме во деновите на нашите прататковци, немаше да учествуваме со нив во пролевањето на пророчка крв‘. Така сами против себе сведочите дека сте синови на оние што ги убиваа пророците.“

Гробницата за која им префрлал бил храмот во Ерусалимво кој требало да се чува Светиот Кивот, ковчегот во кој се чувал заветот на Мојсеј. Зборовите на Исус сугерирале дека крвта на пророкот Мојсеј била таа што капела од рацете на предците на Кајафа и Ирод. Јосиф Кајафа произлегувал од Леви, третиот син на Израел. Во книгата „Убиството на Мојсеј: Решавањето на најстарата нерешена мистерија во светот“, од авторите Ранд Флем-Ат и Роус Флем-Ат се тврди дека Реуел и Леви го убиле Мојсеј на Божјата гора. Реуел, кој исто така бил волшебник обучен во Египет, употребувал хипноза и кукларство за да ги манипулира децата на Израел за да си ја осигура моќта која целиот свој возрасен живот ја посакувал. Леви и неговите потомци, Левитите книжници, го покриле убиството со нивното внимателно и безочно менување на раните делови од библијата, се вели во книгата.

I04

Уникатното знаење на Исус му овозможило да ги препознае доказите за присуството на египетска магија во официјалната приказна за Мојсеј, како на пример ненадејното и сомнително оживување на Мојсеј, потпомогнато од Хур и Арон, додека долу беснеела борбата со Амалекитите. Веројатноста дека овој впечатлив подвиг бил илузија изведена со помош на кукларство не можела да му остане незабележана на Исус, тврдат авторите. Тој сигурно би бил запознат со критичната улога којашто маските ја играле кај египетските магионичари, што го навело на мислата дека маскираниот Мојсеј кој се вратил кај племето не бил истиот кој се искачил на Синајската гора да ги прими Десетте Божји заповеди. Неговото припросто племе поверувало дека неговите раскажувања биле вистински сведоштва за чудо.

Ирод Антипа и Јосиф Кајафа не можеле да си дозволат Исус да ја изложи на виделина мрачната тајна на нивните предци. Ако народот поверувал дека нивните предци го убиле пророкот Мојсеј, во најмала рака тие би биле разобличени и симнати од власта. Но, било премногу опасно директно да се одговори на експлозивните обвинувања и да се привлече внимание кон истото нешто коешто сакале да го скријат. А било опасно и Исус да се остави да го разгорува огнот, па така било решено дека Исус мора да биде уапсен, а судењето да се одржи тајно.

I02

Барајќи причина да се оправда погубувањето, Јосиф Кајафа од Исус побарал да одговори дали тој навистина е Божји Син. Кога Исус го потврдил ова тврдење, Кајафа ги шокирал своите следбеници со тоа што ја зграпчил својата облека и ја скинал, што било силен израз на тага и несреќа, со што Кајафа сакал да ја изрази тежината на злосторството коешто Исус го правел со тврдењето дека е Божји син. Тогаш високиот свештеник извикал, „…сега го слушнавте богохулењето. Што мислите вие?“ – што било реторичко прашање. Свештениците ја побарале најтешката казна, и Кајафа го добил тоа што го посакувал, Исус да биде замолчан, наводно поради богохулие.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено