Во бар во Аризона, во времето на каубојците. Влегува платен убиец, ја остава својата пушка на масата и нарачува едно виски. Еден фармер стои до него, дрмнува едно виски на екс и му вели:
– Извинете, но може ли да ја насочите вашата пушка кон прозорецот на мојата куќа?
– Не ме замарај. – Одговара убиецот.
– Колку ќе ми земете за да ми завршите една работа? – Упорно прашува фармерот. – Жена ми во моментот спие со соседот!
– Илјада долари од истрел.
– Ќе платам за два истрела! Но, ќе треба соседот да го погодиш во пенисот, а неа во главата.
– Добро. – Вели убиецот и започнува да нишани.
Поминуваат неколку минути, но истрел уште нема.
– Па, што чекаш? – Прашува фармерот нервозно.
– Почекај малку! Се обидувам да ти заштедам половина пари.

Сподели на Facebook
пати видено