Човечкото тело е неверојатно. Можеби е тешко да поверувате во овие факти, но тие се случуваат во Вашето тело, токму во овој момент.

1.Човечките прсти се толку чувствителни, што доколку би биле големи како Земјата, би можеле да ја почувствувате разликата помеѓу автомобил и куќа.

2.Кога бремена жена би имала срцев удар или друг вид на оштетување на некој орган, фетусот праќа матични клетки за да му помогне да заздрави. Жените кои претходно биле бремени покажуваат невролошка заштита од одредени болести.

3.Во просек вкупната должина на крвните садови во човечкото тело е 96.500 километри, што е доволно да се обиколи светот два и пол пати.

4.Човечкото око е толку чувствително, што ако Земјата е рамна можете да забележите запалена свеќа оддалечена 50 километри.

5. Нервните импулси патуваат до и од мозокот со брзина и до 250 милји на час, побрзо од тркачки автомобил на Формула 1.

6. Кога ќе се вцрвените, слузницата на желудникот исто така се вцрвенува.

7. Човечкиот мозок може да прочита 1000 зборови во минута.

8. Во Вашиот папок има илјадници бактерии кои можат да формираат екосистем голем како џунгла.

9. Кога сме вљубени, мозокот го ослободува истиот коктел на невротрансмитерите и хормони кои ги презвикува амфетаминот. Ова доведува до зголемување на отчукувањата на срцето, губење на апетитот и сонот, како и силни чувства на возбуда.

10. Можете да ги видите ултравиолетовите зраци, способноста е само филтрирана од страна на леќите на окото. Некои луѓе поминале низ операција за отстранување на леќите и можат да детектираат ултравиолетова светлина.

11. Возрасен човек е составен од 7,000,000,000,000,000,000,000,000,000 (7 октилиони) атоми. Додека пак има „само“ 300.000.000.000 (300 милијарди) ѕвезди во нашата галаксија.

12. Нашите мускули се всушност неверојатно помоќни. Човечката сила е ограничена за заштита на нашите тетиви и мускули. Ваквото ограничување може да се отстрани за време на адреналин, при што некои луѓе кревале карпи, па дури и автомобили.

13. Луѓето се најдобрите маратонци на планетата. Тие можат да трчаат подолго од било кое четириножно животно. Пред илјадници години луѓето го пркале пленот се додека не падне од замор.

14. Косата од една глава може да издржи тежина од 12 тони.

15. За 30 минути човечкото тело може да зоврие 4 литри вода.

16. Имаме иста количина на влакна на нашето тело како шимпанзо. Повеќето од нив се бескорисни и толку светли што се невидливи.

17. Атомите кои го сочинуваат човечкото тело денес се истите атоми што се формирале во текот на Големата експлозија пред 13,7 милијарди години.

18. Човечка коска е силна како гранит. Еден коска со големина на кибрит би можела да издржи девет тони тежина.

19. Ако човечкиот мозок беше компјутер, би можел да изврши 38 илјади трилиони операции во секунда. Во светот најмоќниот суперкомпјутер, BlueGene, може да управува со само 0,002% од тоа.

20. Мускулите за фокусирање во вашите очи се движат околу 100.000 пати на ден. За да им го овозможите истиот тренинг на мускулите на нозете, ќе треба да одите 80 километри.

Сподели на Facebook
пати видено