Британскиот град Глазгов стана озлогласен поради запрепастувачката разлика во поглед на должината на животниот век меѓу богатите и сиромашните. Луѓето за кои се проценува дека ќе умрат на возраст од 54 години живеат на само неколку километри од тие кои ќе живеат подолго од 80 години. Истражувачите сега веруваат дека ја нашле клучната причина за оваа нееднаквост – редовното конзумирање на евтино, процесирано месо, особено од страна на најсиромашните луѓе во градот. Високото ниво на фосфати во црвеното месо биле поврзани со предвременото стареење и оштетувањето на бубрезите. А според студијата, фосфатите многу лесно се апсорбираат од телото кога внесува месо кое содржи адитиви.

cm01

Фосфатите природно се содржат во многу видови храна, како месо, риба, јајца, млечни производи и зеленчу. Но, претераното конзумирање ги оштетува теломерите, витални структури на врвот од хромозомите кои заштитуваат од широк спектар болести – почнувајќи од кардиоваскуларни заболувања, па сѐ до Алцхајмерова болест и рак. Теломерите се толку значајни што некои научници веруваат дека со нивно мерење би можело точно да се предвиди кога некој ќе умре.

Минатата година Светската здравствена организација преупреди дека процесираното месо предизвикува рак, а и дека црвеното месо е „веројатно“ канцерогено. За време на истражувањето во Глазгов биле анализирани луѓе од најсиромашните делови на градот. Резултатите покажале дека фосфатите од често конзумираното црвено месо ја зголемила биолошката старост на луѓето, во споредба со нивната вистинска возраст. Некои луѓе, и покрај тоа што конзумирале црвено месо, јаделе и повеќе овошје, со што се неутрализирал ефектот. Еден од истражувачите, проф. Пол Шилс од Институтот за канцерогени науки при Глазговскиот универзитет, вели дека главната причина зошто луѓето јадат неквалитетна храна е бидејќи не можат да си дозволат подобра.

„Тоа е сиромаштија, не е личен избор. Справувањето со сиромаштијата е патот да се справиме со овој проблем како што треба. Мора да се постигне способност за купување на добра храна. Ако не го можете тоа и не можете да набавите квалитетно црвено месо без адитиви, ќе си имате проблеми.“

Проф. Шилс предлага луѓето да го преосмислат убедувањето дека на секој оброк треба да се јаде црвено месо.

Сподели на Facebook
пати видено