Облека

Прво дете: Си купуваш облека за трудници веднаш штом гинекологот ќе потврди дека си бремена.
Второ дете: Ја носите вашата обична облека што е можно подолго.
Трето дете: Облеката за бремени е вашата секојдневна облека.

Име

Прво дете: Долго се прашувате, ги читате имињата од календарчето, правите списоци со имиња што ги сакате. Изговарате стотици имиња додека не избирете едно.
Второ дете: Па, имаме една тетка Милка, па некој треба да го крсти детето по неа, нели?
Трето дете: Ги затвораш очите, отвораш на случајна страница на стариот телефонски именик и го ставаш прстот некаде. Марко – совршено.

Подготовка за раѓање

Прво дете: Вежбате дишење и одите на курсеви за да се подготвите.
Второ дете: Нема обука, сѐ си знаете од претходниот пат.
Трето дете: Вие знаете дека сакате епидурална уште со првата болка при раѓањето.

Загриженост

Прво дете: Кога диша нерамномерно, кога ќе се закашла или ќе кивне, трчате до бебето за да видите што се случува.
Второ дете: Ќе одите да го видите, кога веќе има опасност да го разбуди првороденото со галамата што ја прави.
Трето дете: Го учите на 3 години како само да си ја пушта музичката кутија со мелодијата што го заспива.

Активности со бебето

Прво дете: Го носите на пливање за бебиња, на бебешка јога, во бебешки спортски сали и сè што има “бебиња” во насловот.
Второ дете: Гимнастиката за бебиња е сосема доволна.
Трето дете: Прошетка до самопослуга или да одите да наполните бензин во автомобилот е сосема доволно.

Вечер без бебе

Прво дете: Ѝ се јавувате на бејбиситерката најмалку 5 пати во ноќта за да бидете сигурни дека бебето е добро.
Второ дете: Се враќате од автомобилот за да ѝ го оставите бројот на бејбиситерка, на кој ако има проблем, може да ве добие.
Трето дете: Го учите детето да ви се јави на телефон, само ако има крв.

Дома

Прво дете: Најголем дел од времето го поминувате во “својот ангел”.
Второ дете: Го посветувате поголемиот дел од вашето време да го пазите новороденчето од злоупотреба од првороденото.
Трето дете: Наоѓате место во домот во кое го криете од другите деца.

Мебел

Прво Дете: Гледате да е заштитено, да нема остри рабови, шкафовите и фиоките се заклучени и сѐ е кренато повисоко, одвај вие да може да го дофатите.
Второ Дете: Штекерите се покриени, а кога ќе се чукне од некој раб, вториот пат ќе знае да се пази.
Трето дете: Моторната пила и алатите се дел од седмоседот.

Бебешка облека

Прво дете: Од моментот кога го дознавате полот на бебето, почнувате да го купувате она што одамна веќе сте го одбрале.
Второ дете: Проверете што може да носи од првото, а ќе докупувате кога ќе се роди.
Трето дете: Момчињата можат да носат портокалово, нели?

Хранење

Прво дете: Внимавате вашето дете да јаде храна наменета само за бебиња – органска, без шеќер, без хемикалии и така натаму.
Второ дете: Му дозволувате да краде од вашата чинија, она што го сака, само да не се задави.
Трето дете: Ако се обиде да јаде храна за мачки, тоа е проблем на мачката.

Сподели на Facebook
пати видено