Причината зошто успешните луѓе се чинат успешни во сите области на нивниот живот е истата причина поради којашто возилата не можат да се движат доколку недостасува некој дел во моторот. Тоа е така затоа што еден дел од нивниот живот не може да функционира без другите делови. Сѐ претставува една, единствена целина.

Како кога на автомобилот ќе му протече масло, ако нешто во вашиот живот „протекува“, другите аспекти нема да фунцкионираат толку ефикасно и успешно. Едноставно кажано, успехот во една област од нашите животи не може да се случи за смета на несреќата во други.

Successful Business People Showing Thumbs Up.

Се разбира, колата на која ѝ протекува масло може да ве одведе до вашето одредиште, но ризикувате да ви зариба моторот. Протекувањето на масло има негативен ефект врз другите функции на возилото. Можете да ја мразите вашата работа и да бидете во врвот на вашата физичка кондиција, но под вашите мускули вашето тело всушност не е здраво. Телата реагираат на стресот без разлика од каде доаѓа тој. Стресот и реакцијата на вашето тело на него го оштетува вашето срце, црн дроб и вашиот мозок. Кога ќе почнете да обрнувате повеќе внимание на ова, забележувате дека тоа се случува и во други области во вашиот живот.:

– Без разлика колку ја сакате работата која ја работите, тешко е да ја работите ако не сте наспиени како што треба.

– Кога сте телесно нездрави, тоа се одразува и на односите со вашата сопруга, блиските и пријателите.

– Кога ќе се разбудите доцна и излетате преку вратата доцнејќи, тоа се одразува на целиот ваш ден.

Различните аспекти кои го сочинуваат вашиот живот се како запчаници во некој механизам. Доколку еден не функционира како што треба, тоа се одразува на целиот механизам. Затоа е многу важно да се одржува рамнотежа, баланс во сите нешта кои го сочинуваат вашиот живот. Всушност, здравјето само по себе сочинува совршена рамнотежа помеѓу различните чинители, и тоа го знаеле луѓето уште од древноста, што се потврдува во будистичките традиции, како и во старогрчката философија. Чувството за тој баланс и неговото постигнување е вистинскиот клуч кон успехот.

Сподели на Facebook
пати видено