Google секоја година ги објавува најчесто пребаруваните термини, па истото важи и за 2017 година, но за разлика од претходните години сега постои интерес и за неколку „научни работи“, кои им биле интересни на луѓето за разгледување.

Од особен интерес оваа година беа „како да“ прашања. Најпребарувано било „how to make slime“ (лигава материја), додека „како да се направат очила за соларна еклипса“ дојде на второ место – без сомнение, како резултат на целосното затемнување на Сонцето во август. На место број три се наоѓа „како да се купи биткоин“, бидејќи крипто-валутата се зголеми на речиси 20.000 долари минатата недела. Други сакале да знаат како да направат фиџет спинер и исто така како да изгубат стомачни масти.

Топ „како да“ пребарувања

1. Како да се направи слајм

2. Како да се направат очила за соларна еклипса

3. Како да се купи биткоин

4. Како да се види Мејведер против МекГрегор

5. Како да се направи фиџет спинер

6. Како да го гледате затемнувањето на Сонцето

7. Како да го замрзнете вашиот кредит

8. Како да се игра Powerball

9. Како да се прикаже рекорд (евиденција)

10. Како да се изгубат стомачните масти

Другите најчесто пребарувани теми се фокусираат на познати личности и настани низ целата година. Најчесто пребаруваниот термин на глобално ниво бил ураганот Ирма, кој ги опустоши САД во септември.

Ирма, исто така, беше на врвот на пребарувања за глобални вести, а Биткоин дојде на второ место. Затемнувањето на сонцето завршило на петтото место, по што следеле уште три урагани: Харви, Хозе и Марија.

Најпопуларни пребарувања

1. Ураган Ирма

2. iPhone 8

3. iPhone X

4. Мет Лауер

5. Меган Маркл

6. 13 причини зошто

7. Том Пети

8. Фиџет Спинер

9. Честер Бенингтон

10. Индија национален крикет тим

Топ глобални вести

1. Ураганот Имра

2. Биткоин

3. Пукањето во Лас Вегас

4. Северна Кореја

5. Затемнување на Сонцето

6. Ураганот Харви

7. Манчестер

8. Ураганот Хозе

9. Ураганот Марија

10. Април жирафата

Иако може да се забележи дека „лошите вести се најпопуларни вести“ сепак оваа година се вклучени и неколку корисни пребарувања од областа на науката.

Сподели на Facebook
пати видено