Секоја држава има различни стандарди за училишните оброци. За жал Македонија не е една од земјите кои можат да се пофалат со високи стандарди за исхраната на учениците. Но, еве како изгледаат богатите оброци во училиштата ширум светот.

Јужна Кореја

Системот за планирање на школските оброци во Јужна Кореја е еден од најдобрите во светот. Двата најголеми делови од послужавниците се обично за супа и ориз. Помали делови се за салати, морска храна, зеленчук и овошје. На слабите деца им се дава рибино масло во мерна лажица. Популарни јадења: кимчи, лисја од сусам полнети со ориз и покриени со меден сос, супа од компири од тиква, палачинки со зелен кромид, бибер и октопод, и салата од краставица и морков.

Јапонија

Јапонските училишни ручеци се речиси исти како и оние од Јужна Кореја: топла супа, ориз, живина или риба, салата и млеко. Учениците не смеат да донесат храна на училиште до средно училиште. Учениците не јадат во кантините. Тие облекуваат бели мантили и ги земаат своите ручеци во училниците, ги ставаат на клупите и јадат таму.

Велика Британија

Пржени компири, морков, каша од ориз, салата, овошје и белгиски вафли со чоколада. Многу училишта имаат ограничен буџет и според тоа, на учениците им се нуди брза храна многу често. Децата тоа го сакаат. И е евтино.

САД

Еве како изгледа училишниот ручек во Вирџинија. Праски, пченка, пилешко, пица и салата. Јадењата се сосема различни во американските училишта. Поголемиот дел од времето е брза храна.

Турција

‘Ржен леб, ореви, грозје, јаболко, калинка и кефир. Тоа е храна која помага да се зголеми интелигенција.

Тајланд

На мени имаат свинско месо во слатко-кисел сос, ориз и пудинг завиткан во лисја од банана.

Франција

Ова е ручекот кој се служи во едно училиште во западниот дел на Франција. Риба, спанаќ, компир, сирење и леб. Тоа се смета за главен оброк во денот. Паузата за ручек трае од еден до два часа. На учениците исто така им е дозволено да си одат дома на ручек за време на оваа пауза.

Финска

Финска ги планира училишните оброци многу сериозно. Секој ученик е понуден да има закуски за време на утринските и вечерни часови, како и ручек. Децата ги јадат своите ручеци во една кантина, каде што можат да изберат што сакаат од многу различни јадења. Секое училиште нуди ручек за деца со посебни диететски потреби, без оглед дали се поврзани со здравствени проблеми или религија. Ручекот на сликата вклучува ќофтиња со сос, компири, салата и мусли.

Унгарија

Овде, на децата им се нудат доста големи ручеци. Супа, печени гравчиња со пилешко и ореви за десерт.

Израел

Во Израел од клучно значење е здравата исхрана во училиштата.

Сподели на Facebook
пати видено