Унгарската студентка по графички дизајн создала серија на фиктивни унгарски евра со прекрасни и елегантни илустрации на европски растенија и животни кои со сигурност би го украсиле вашиот паричник.
Бернат избрала на банкнотите да прикаже сликовити растенија и животни, наместо белите глави на значајни историски личности од разни земј. Дизајнот првин бил осмислен и скициран, а потоа пристапила кон бакропис за да ја имитира техниката на печатење пари.
Бернат во моментот се студентка на постдипломски студии на Универзитетот на западна Унгарија, а овој проект е нејзиниот магистерски труд.