Веднаш под ширното швајцарско небо, хотелиерите Нул Стерн во соработка со Даниел Шарбоние го редефинирале кампувањето. На тревна полјана во планините Граубунден, тие направиле хотел без ѕидови, покрив и бања. По цена од околу 220 евра за ноќ, гостите ќе можат да се стопат во природата на надморска височина од околу 2000 метри.

Дизајнот на секоја од „собите“ е минималистичи, со ништо друго освен кревет, масиче и лампи. Иако најблискиот тоалет е еден јавен тоалет кој се наоѓа на 10 минути пешачење, гостите на располагање ќе имаат батлер кој ќе им посакува добредојде и наутро ќе ги служи сендвич со салама и кафе. Пред да се пријават, гостите ги предупредуваат дека иако собите се на располагање од пролет до наесен, нивната резервација може да се откаже во последна минута доколку времето е лошо.

ht01 ht02 ht03

Сподели на Facebook
пати видено