Палеонтолозите во Русија откриле остатоци од нов вид на морско чудовиште кое што живеело пред 130 милиони години. Овој огромен морски рептил, кој што бил еден вид на плесиосаур со краток врат, имал огромни заби и неверојатно моќна вилица, со што бил еден од најголемите предатори во морето, во тоа време.

Неговото име е Luskhan itilensis, што значи „Главниот дух од реката Волга“. Ова име му било дадено поради тоа што неговиот череп долг скоро 2 метри бил откопан близу реката Волга. Неговата целосна должина изнесувала 6,5 метри и научниците тврдат дека тој не е најголемиот примерок од својот вид и дека плесиосаурусите растат и до 15 метри.

Сепак неговите физички карактеристики биле различни од другите пронајдени примероци од неговиот вид. Што значи дека оваа ново откритие може да послужи да се напише од почеток книгата за еволуцијата на морските влекачи.

Поради својата долга муцка, изгледа повеќе како речен делфин. Валентин Фишер, кој е на чело на оваа истражување изјавил: „ Ова е неговата највпечатлива карактеристика, која укажува дека плесиосаурусите конолизирале повеќе еколошки ниши отколку што претходно сме претпоставувале.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено