Група пријатели одат на лов и спијат во шатори. Никој не сака да спие со Боби бидејќи знаат дека тој ‘рчи ужасно.
Решаваат да влечат ждрепка кој да спие со Боби. По првата ноќ првиот страдалник се жали:
– Не можев око да склопам од неговото грчење, цела ноќ бев буден и го гледав.
Следното утро, втората жртва се појавува со крвав поглед и подуени очи:
– Тој е ужасен. И јас лежев цела ноќ гледајќи го копилето како мирно си спие и ‘рчи.
Третата вечер дошол ред на големиот Цаци, поранешен затвореник со грд поглед. На големо изненадување на сите, тој се појавува наутро наспан, свеж и прекрасно расположен. Другите едноставно умираат од љубопитност што се случило. Цаци објаснува:
– Па ништо посебно… му посакав на Боби добра ноќ, го удрив по задникот и го бакнав на образот. Тој цела ноќ бил буден и ме гледал.

Сподели на Facebook
пати видено