Изградени пред илјадници години, овие храмови пркосат на се онаа што го знаеме за способностите на древните цивилизации. Од ласеркса прецизност на градбите до транспорт и поставување на огромни блокови, кои тежат и над 80 тони, овие храмови се доказ дека древните цивилизации биле многу понапредни.

Храм на сонцето во Конарку

Храмот на сонцето во Конарку е индиски хинду храм, кој се наоѓа на 65км од градот Бубанесвара во индиската земја Одиша, изграден од страна на кралот Нарасимхадева I од Источна династијата Ганга во 1255 година. Тој е во форма на огромна кочија и има многу убаво изрезбани елементи директно во каменот, како што се на пример тркала, столбови и украсни ѕидови. Голем дел од структурата сега е во урнатини. Посветен е на богот на сонцето Surya. Храмот има 24 резбани тркала и 7 коњи, кои се прикажани така што изгледа како да го влечат храмот.

Падманабасвами храмот

Се наоѓа во Тхирувананхапурам, Керала, Индија и овој антички храм е најбогата институција и религиозно место во светската историја, со проценка од 22 милијарди долари. Интересно е што не постои точен датум за тоа кога е изграден храмот. Најимпресивната и најмистериозната карактеристика на овој храм е тајната соба. Легендите велат дека секој кој се осмелува да ја отвори вратата ќе се сретне со катастрофални резултати. Ова мистериозната врата се нарекува комора Б и повеќе за неа прочитајте тука.

Брихадесварар храмот

Брихадесварар се наоѓа во Танџавур во индиската држава Тамил Наду и е посветен на божеството Шива. Тој е еден од најголемите храмови во Индија и е пример за Дравидската архитектура во периодот Чола. Според извештаите, храмот бил изграден од страна на Раџа Раџа Чола I и бил завршен во 1010 година од н.е. Храмот има Вимана од 40-метри и е најголемата во светот. Интересно е што целиот комплекс е изграден од гранит, а најблискиот извор на гранит се наоѓа на околу 60 километри од храмот. Се верува дека околу 130.000 тони гранит биле користени во неговата изградба. Тркалезната структура на врвот на храмот наречена Кумбам тежи околу 80 тони.

Каиласа храмот

Храмот Каиласа што се наоѓа во областа Елора, Индија, е изграден во 8 век, од династијата Раштракута. Овој храм е најголемиот храм во светот изграден во камен. Овој мегалит е изграден во еден единствен камен и од повеќето научници се смета како најневеројатната градба во Индија. Храмот има 34 пештери-храмови и манастири познати како Елора Пештери. Некои научници тврдат дека храмот е изграден помеѓу 5 и 10 век, но има и голем број на научници кои тврдат дека е постар. За изработка на храмот се користел вертикален метод на ископување, односно резбале од врвот. Истражувачите тврдат дека луѓето не можеле да го изградат овој храм за толку кратко време и тука се поставува прашањето, ако не се луѓето кој го сторил тоа?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено