Пар од Њу Џерси отвори Дом за тешко болни кучиња наречен Monkey’s House. Тука овие крзнени пријателчиња можат да трчаат во куќата и низ земјиштето од 6 ари, за да нивните последни денови бидат исполнети со сонце, љубов и достоинство.

Оваа непрофитна организација ги зема кучињата на умирање од локалните прифатилишта и им приготвуваат домашна храна, кревети, обезбедува ветеринарна нега и многу чешкање се до нивниот последен ден од живот.

Основач на оваа организација е Мишел Ален и таа вели: “Ова е нивната последна станица, затоа ги сакаме и на каучот и на креветот. Сакаме да се чувствуваат најдобро што можат.”

Monkey’s House се наоѓа во Јужен Хемптон и името го добил по починатото куче на Мишел и нејзиниот сопруг Џеф.

Има од 20 до 30 кучиња во домот, сите со сериозни здравствени проблеми, како што е рак, срцева мана или пак дијабетес.

Среќните кучиња се бираат од прифатилиштата каде што би биле еутанизирани поради нивната болест или старост.

Мишел е поранешна медицинска сестра и таа смета дека е соодветно обучена за да им помага на овие мали суштества. “Мислам дека кога бев медицинска сестра не ја работев својата вистинска професија, тоа беше само подготовка за оваа”, вели Мишел.

Сметките за едно куче можат да достигнат и до 1.000 долари месечно, затоа оваа место е непрофитабилна организација и донаците ги добива од јавноста, како и 30 килограми кучешка храна како донација од продавница за миленичиња. Исто така има и голем број на волонтери кои помагаат во грижата за кучињата.

Сподели на Facebook
пати видено