Здраво јас сум Кире Јоновски сите ме викат Киркатa имам 28 години и сум студент. Толку долго сум студент, за само еден испит, шо понекогаш си мислам дека то ми е професија.

Ко ојдов прва и се си беше ОК си одев на предавања сите работи. До душа поќе пати асистентите идеа на предавање одколку професорите, шо имаше дури дешавка цел семестар да не го видиме професоро, дури да се чукниш во него нема да знајш дека е тој. Да ви кажам право поарно да не го запознаев овој душата шо ми ја извади.

Првио пат ко ојдов на испит кај него чоеко ме пречека во кабинето многу весел и ведар, се пoздравивме а тој отворено онака ми вели “Ти колега че полагаш или че плајчаш?”. Ми го рече толку нормално на баш Прилепски шо прво си мислев дека сум Прилеп на пазар, па по едно време си помислив дека нормално е професоро да ти побара пари за да те пушти, а овој беше баш скромен 100 евра.

Јас си одам дома му кажвам на татко ми, а тој искусен рече не е проблем ќеплатиме тое сега шо ќе прајш. Ама мене ме фати инает и си реков шо ќе му плаќам на оној селанецо, тутун до вчера садеше си имам научено ќе си положам. А тој инает ме кошташе 4 години плус студирање. Море не комисии ништо не помага, тој да ти бил многу јак, а за инкеро да биди поголем после му нудев и 300 евра ги неќеше за инает.,

Помина време татко ми фати некој чоек и тој ми среди, ама прво требаше да си дам едно софриче во Бабино. Идење професоро со швалерката, една млада, јака, нон-стоп ја гледам низ град, ајде си реков браво професоре, чучкај си. И ние ојдовме, јас татко ми и пријатело.Ко почна тој професоро сите можни риби ги изеде,а вино само Каберне пиеше и Шевињон, па на крајо ко завршивме со ручеко си порача пастрмки и си зеде уште едно винце за дома демек вечер за со фудбало Барселона-Реал играле.

И така ви велам положив, сега треба едно виски да купам од фришоп ко ќе одам по отцената за баци рака да остам таму.

И само за крај оти ме чекат морам да одам, сакам да ги прашам професорите нешто: Годподо, дали освен нас, клецкате нешто друго од страна???

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено