Здраво јас сум Арсе Настев на прекар ме викат Арсе Славејо, оти кај нас в село во Свињишта имав најубав глас и благодарение на Драган Вучич и емисијата “Вашите 5 Минути” станав славен пеач и сега си возам по кафанчина за некој динар. Но пред се да спомнам мојот идол кој имаше огромно влијание врз мојот развој Цане Николовски и најдобрата љубовна песна некогаш испеана во Битола, песната “Жаклина” и видео записо кај сато и одличната кореографија на истио видео спот.

Убо е , убо е …

Сакам во оваа прилика да кажам збор два за значењето на песните во Македонија.

Прв пример и најболен е поврзан со песната “Милионерче”. Официјална Атина (како шо велат на вестите), уште во далечната 89-та во делот “ Не се страми ставај, ти си парајлија …” препозна провокација и исмевање на сметка на нивната туристичка атракција Паралија, шо резултираше со забранување на песната на просторите на Грција и со голема вратка и дупашлок за името шо трај до ден денешен.

Исто така песната е многу пати користена за да се омекни срцето на љубената во вид на серенада. Истиот рецепт е искористен и во Битола ко се слушна дека ракомето ќе пропаѓа па луѓето почнаја да ја пејат песната “ Цилега живота ја сам хтија само њу …” шо на почетоко даваше одлични резултати , Сиљан Мицевски – Циле го презеде ракомето и тргна работата, ама сега нешто подзастана изгледа ќе треба да ја речиме уште неколку пати, а најверојатно ќе треба и една друга да пејме “Здраво наши, здраво славни, генијални популарни … “ и мислам дека ќе омекниме две срца и работата ќе тргни со ракомето.

Исто така кога сме кај значењата на песните мора да се спомнат и песните шо се со двосмислено значење. А тука морам да го спомнам и најглавнио Кенан Таировски шо после Студени Нозе и “Како Кучето мое ..” го има напраено најголемио хит со ваков двосмислен карактер, а то е “Чакмак, чакмак” . Исто така да напомениме е многу битно дека господино Кенан Таировски ко ќе пеј на телевизија татко ми мисли дека му звони телефоно, а дедо ми еднаш се збуна зеде едно дрво и излезе надвор мислеше дека кучиња се дават да ги избрка.

Последен правец шо се има појавено во Македонската фолк музика е РЕАЛИЗМОТ. Тој за прв пат е препознат во песната “Кеш Кеш” односно во делот “ Ќе ти треба бато кеш кеш, за да видиш секси веш …”, за потоа истио правец да се препознае и во една љубовна песна од истиот изведувач “Мафијаш” во која се опишува како младиот господин го освоил нежното женско срце, а то се доловува во делот “Злато дијаманти, скапи фирми странски, се замене ми купи, ми купи тој, о боже како сакам вечно да е мој … “. А исто така голема популарност доживеа и рефренот “ Сега во мода се министри, секси згодни,а и бистри…” Вистина е, многу се бистри. То е реализам .

Другари, ве оставам со добра мисла, пријатно и бидете поздравени!!!

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

Сподели на Facebook
пати видено