Во шокантен документарец се расветлува случајот за мајките кои ги фатиле како ги продаваат сопствените деца за сексуални услуги на педофили.

Во најновата епизода на „Стејси Дули истражува“, новинарката од Лондон оди во Филипините за да го направи овој документарец. Во ужасните сцени има две жени, сестри, кои имаат повеќе деца, некои од нив на возраст од само 5 години, како прифаќаат пари во замена за сексуални услуги од децата.

И покрај тоа што има цврсти докази против нив, кога биле уапсени од страна на полицаецот на тајна задача, тие почнале да ги обвинуваат децата за злосторствата кои тие ги сториле. Во најновиот документарен филм за БиБиСи Три, Стејси, исто така, се сретна со жените кои сексуално ги злоупотребуваат своите деца на веб камери.

Мајките не само што ги злоупотребуваат нивните деца на веб камери за педофилите, туку и ги продаваат на странските педофили, најчесто од САД и Велика Британија. Новинарката Стејси работи за БиБиСи Три, веќе една деценија и на овој документарец работи заедно со таен агент по име Мајк.

Мајк со лажен идентитет им пристапил на жените и ги прашувал што се би дозволите да прави тој со нивните деца. Во интервју со Стејси, Мајк вели: „Некои од овие мажи прашуваат и за најужасни злоупотреби на децата. Некои од нив бараат и да се запали детето и да се измачува на разни начини. Ова се болни луѓе, тие се чудовишта.“

Мајк се сретнал со жените во една вила, каде што тие му потврдиле дека нивните девојчиња можат да му пружат сексулани услуги, откако тој им дал одредена сума на пари.

Новинарката била шокирана кога сестрите сакале да ја префрлат вината врз своите деца. Едната од нив вели: „Децата се виновни, нивна беше иницијативата. Многу млади прават работи кои не би смееле. Има работи кои родителот не може да ги кнтролира, но не ги продаваме.“

За двете жени ќе се бара доживотна казна затвор, а нивните деца ќе бидат сместени во дом за сираци и ќе им биде обезбедена психијатриска помош.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено