– Aло, Јован Петровски?
– Да, кажете?
– Од УЈП се јавуваме. Не сте го платиле данокот.
– Како дознавте?
– Тоа ни е работа.
– Кој ве плаќа за таа работа?
– Вие. Со данокот.
– Така значи? Јас ви плаќам за да ме следите дали ви плаќам?
– Токму така.
– Зошто да ви плаќам тогаш?
– Затоа што во спротивно ќе ви испратиме полиција да ве однесе во затвор!
– Кој им плаќа за тоа?
– Вие. Со данокот.
– Нели!? Да видиме дали правилно сум разбрал – јас ви давам плата за да ме следите дали ви давам плата, им давам плата на полицијата и на затворот, за да ме затворат ако не ја плаќам вашата и нивната плата?!?!
– Токму така. Тоа се нарекува „држава“. Не можеме без неа.
– Сакате да кажете дека вие не можете без неа, односно без мене?
– Не, не. Сите не можеме без неа. Живееме во општество сепак. Секој си има права и обврски и кога некој не си ги извршува обврските друг го следи тоа. Еве, ние ви се јавивме за да си го платите данокот. Ако ние не си ги исполнуваме обврските Ваша должност е да ни се јавите и да барате да си ги исполниме обврските.
– Ако не следите дали сум ви го платил данокот, односно платата, морам да побарам од вас да си ја завршите работа?
– Токму така. Така функционира системот.
– Кој би измислил толку бесмислен систем?
– Па сите заедно сме го измислиле – Вие, ние, полицајците и затворот. Ова се нарекува „демократија“.
– Значи ние четворицата сме одлучиле јас да ви исплаќам платата на вас тројцата, за да ме следите / казнувате ако не го правам тоа?
– Токму така.
– Но, јас сум против тоа.
– Овие работи ги решаваме заедно – живееме во демократско општество. Ние тројцата сме за. Повеќе сме од Вас. Затоа така сме одлучиле сите заедно.

Сподели на Facebook
пати видено