Животот после смртта е нешто на што сите луѓе се надеваат. Самиот чин на смртта на нас ни е незамислив и тешко разбирлив. Луѓето на разни начини се обидуваат да се изборат со неизбежниот процес на стареење и смрт. Еден од начините, којшто науката сега за сега не го поддржува, е крионичкото замрзнување.

Крионичкото замрзнување подразбира длабоко замрзнување на човечкото тело после прогласувањео на кличичка смрт, на специјален начин со вбризгување на специјални хемикалии. Се смета дека крајно ниските температури ќе ги сочуваат човечките клетки, а пред сѐ мозокот, во недопрена состојба, а сето тоа во надеж дека некој ден во иднината тие ќе можат да бидат оживеани, кога ќе напреднат технологијата и науката. Самата наука не го поддржува овој процес, бидејќи многу работи сѐ уште се непознати. На пример, сѐ уште не е сосема јасно како тие хемикалии делуваат на клетките и ткивото, и дали воопшто некогаш мртвите ќе биде возможно да се оживуваат мртвите.

krio

И покрај вкоренетото мислење, човечките тела не се замрзнуваат во лед, бидејќи ледот го оштетува ткивото. Всушност, крвта се заменува со специјални хемикалии наречени криопротектанти, кои се однесуваат како антифриз. Поради тоа, телото и мозокот на мртовците повеќе наликува на стакло. За замрзнувањето се употребува течен азот. Личностите коишто се подложуваат на овој третман се надеваат дека подоцна ќе можат да го продолжат животот во нивното дотогашно тело, но многу им е важно да го зачуваат мозокот. Затоа некои од нив се решаваат да ја замрзнат само главата.

Потребно е замрзнувањето да се направи колку што е можно побрзо по законското прогласување на смртта. Тоа не смее да се направи додека е некој жив, бидејќи во тој случај од законска гледна точка тоа би се сметало за убиство. Затоа за успехот на овој процес е многу важно веднаш по смртта да биде присутен и подвижен тим кој веднаш ви би го започнал процесот на замрзнување.

Досега се проценува дека ширум светот има околу двеста и седумдесет луѓе коишто се длабоко замрзнати. Тоа го работат специјални организации, кои не се баш јавни, но овде може да се најде нивниот список. Наспроти верувањата дека еден од овие луѓе е и Волт Дизни, тоа не е вистина. Цената на третманот се движи до неколку стотини илјади еврта, но потребно е да се издвои определена сума и за иднината, бидејќи одмрзнувањето можеби ќе потрае и неколку стотици години.

Доколку сеуште сте скептични, погледнете го ова видео.

Сподели на Facebook
пати видено