Најновите напреднувања кај интерфејсите за врска меѓу компјутер и мозок можеби наскоро ќе овозможат директната комуникација од мозок до мозок да стане реалност. Ова можеби звучи како нешто научнофантастичен филм, но истражувачите веќе успеале да создадат таков интерфејс кој може да ги чита и интерпретира човечките мисловни обрасци.

mz01

Една од најголемите потешкотии во читањето на мислите на некој човек е разбирањето како специфичните мисли се претставени во различни обрасци на мозочната активност. Овие обрасци не се исти кај сите – како размислуваме за било кој концепт во голема мера зависи од нашите сопствени искуства и сеќавања.

За да се воспостави вистинска меѓумозочна комункација, ќе биде потребно да се толкуваат мислите на една личност и потоа да се иницираат истите мемории кај примателот со помош на компјутер. Обиди за вакво нешто веќе се направени. Во еден експеримент, двајца луѓе во различни простории требало да играат игра со 20 прашања. Секој одговор „да“ или „не“ бил регистриран од системот и потоа со помош на транскранијална магнетска стимулација се произведувал електрицитет во мозокот на другата личност.

Еден ден можеби ќе биде возможно луѓето да си разменуваат мисли преку интернет, можеби ќе има мозочна мрежа од меѓусебно поврзани умови кои ќе разменуваат секаков вид информации. Сепак, дали едно вакво сценарио е остварливо, или дали воопшто некој и би посакал такво нешто, останува да се види.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено