Научниците веруваат дека оваа скромна куќа изградена од камен и малтер е куќата во која пораснал Исус. Се датира во почетокот на првиот век од нашата ера. Британскиот археолог кој ја открил цели дека древен текст посочува дека градбата во Назарет е домот кадешто Марија и Јосиф го одгледале синот Божји. Проф. Кен Дарк вели дека текстот „De Locis Sanctis“ (За светите места) напишан во 670г. од страна на ирскиот монах Адомнан опишува дека куќата е сместена помеѓу две гробници и под црква. Текстот е заснован врз поклонение во Назарет, направено од франкскиот бискуп Аркулф и раскажува за црква која се наоѓа на „местото кадешто некогаш била куќата во кој бил одгледан Господ.“

нз01

Во византиско време и во 12. век за време на крстоносните војни, рушевините на градбата биле вклучени во цркви, коешто сугерира дека местото е сметано за свето и дека треба да се заштити.

нз02

Куќата е издлабена во рид од варовник и има неколку соби и скали. Еден од влезовите е сочуван, како и првичниот под од варовник.

нз03

Д-р Дарк за „Biblical Archaeological Review“ вели дека и покрај тоа што нема доказ, нема добра причини да се верува дека тоа не е домот на Исус. Тој ги истражува рушевините во денешен северен Израел уште од 2006г. За првпат оваа градба случајно била откриена во крајот на деветнаесеттиот век. Во 1936 језуитскиот свештеник ја продолжил работата со ископувањето.

нз04

Од 2006г. навака д-р Дарк ископал скршени садови, вретено и артефакти од варовник. Предметите од варовник посочуваат дека некогаш таму живеело еврејско семејство, бидејќи Евреите верувале дека варовникот не може да биде нечист.

нз05

Д-р Дарк пишува: „Беа направени особени напори за да се идентификуваат остатоците на зградаа. И гробницата и куќата биле украсени со мозаици, што сугерира дека биле од особено значење, и веројатно биле обожувани.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено