Едно истражување од тим од Хјустонскиот методистички истражувачки институт покажа потенцијал за третман кој цели на теломерите во хромозомите за да се повлече клеточното стареење. Лабораториските тестови со користење на клетки од пациенти со генетска болест која предизвикува забрзано стареење, се покажаа како ветувачки.

Како феномен кој ги погодува сите живи суштества, нема ништо едноставно во стареењето. Експериментите кои се фокусираат на разбирањето на стареењето се толку бројни и разновидни како и аспектите на самиот субјект. Некои ги гледаат улогите кои што мозокот или митохондриите ги имаат врз стареење, додека други испитуваат некој протеин и слично. Институтот за методистички истражувања во Хјустон (HMRI) се фокусира на хромозомите.

Конкретно, тимот предводен од катедрата на одделот за кардиоваскуларни науки, Џон Кук, ги погледна теломерите, регионот лоциран на врвот на секој хромозом, чија должина наводно одговара на возраста. Тимот на Кук ги проучувал клетките на децата со фатална генетска болест наречена progeria која предизвикува брзо стареење.

Во нивното истражување објавено во „Journal of the American College of Cardiology“ истражувачите откриле дека продолжувањето на скратените теломери ефикасно го прекинало стареењето во изолираните примероци клетки земени од пациентите со прогерија.

„Она што го покажавме е дека кога го свртуваме процесот на скратување на телемерите во клетките од овие деца и ги продолжуваме, можеме да смениме многу проблеми поврзани со стареењето.“, изјавил Др. Кук во соопштението за медиумите.

Тимот на Кук не е првиот кој ги поврзува теломерите со стареењето. Меѓутоа, полето не се смета за прецизно. Професорот по медицинска генетика Петар Лансдорп на Универзитетот во Британска Колумбија изјавил дека има уште многу за учење во оваа област. „Не е тешко да се најде 70-годишен со подолги теломери од тинејџер.“, вели тој, истакнувајќи дека намалувањето на теломерите функционира како „механизам за супресија на туморите“ за телото.

Бидејќи истражувањето било ограничено на примероци од клетки од само 17 пациенти истражувачите сè уште треба да видат дали би можеле да работат во клетките кои функционираат во телото. Следниот чекор е да се достави истиот третман директно кај пациенти, почнувајќи од деца кои страдаат од прогерија.

Сепак, Кук има голема доверба во истражувањето. „Можеме барем да го спречиме или забавиме забрзаното стареење, и тоа е она за што работиме. Сакам да развијам терапија за овие деца.“, изјавил Др. Џон Кук.

Сподели на Facebook
пати видено