Еднаш еден крал заминал на лов и си го повредил прстот. Неговиот доктор, кој што секогаш го придружувал на лов, ставил завој на неговата рана.

– Ќе биде ли во ред? – прашал кралот.
– Добро… лошо… кој знае? – одговорил лекарот.

Кога се вратил од ловот кралот забележал дека неговата рана се инфицирала. Докторот внимателно ја исчистил раната, ставил лек на неа и повторно ставил завој.

– Дали си сигурен дека ќе биде добро? – повторно прашал кралот.
– Добро… лошо… кој знае? – одговорил лекарот.

По неколку дена прстот бил толку инфициран што морале да го ампутираат. Кралот бил толку лут на докторот и го фрлил во зандана.

– Да те видам сега како ќе ти се допадне затворот докторе- рекол кралот.
– Затвор ваше височество? Добро… лошо…кој знае?

Кралот ми рекол: „Ти си луд и неспособен!“

Неколку недели подоцна кралот тргнал повторно на лов. Но овој пат се изгубил и бил заробен од диво племе. Тој ден бил свет празник за племето и им била потребна совршена жртва за нивните богови. Го врзале кралот за дрво и почнале со ритуалот и кога сакале да го заколат, нивниот свештеник извикал:

– Застанете! Овој човек не може да биде нашата жртва. Тој не е совршен, има само 9 прста.

Така тие го ослободиле кралот и тој успеал да се врати во кралството. Кралот веднаш се упатил кон занданата каде што бил докторот и почнал да му се извинува.

– Ти беше во право. Тоа што го изгубив прстот беше добро. Ти ми го спаси животот! Многу ми е жал што те затворив.

На тоа докторот одговорил:

– ЛОШО? Многу е ДОБРО што ме затворивте во занданата ваше височество, инаку ќе бев со вас заедно на лов, а јас ги имам сите мои 10 прсти.

Кога ќе ни се случи нешто лошо, тешко е да помислиме дека од тоа може да излезе нешто добро. Но секогаш постои причина за се. Понекогаш не ја гледаме причината, но со текот на времето ќе ни стане јасно. Не ги делете работите на добри и лоши, затоа што, кој знае на кој начин ќе заврши вашата приказна?

Сподели на Facebook
пати видено