Еден човек испратил е-маил до мал хотел каде што имал намера да отседне за време на неговиот одмор. Тој напишал:

„Многу сакам да го земам моето куче со мене. Тоа не прави бељи и се однесува многу послушно. Дали би дозволиле тоа да остане во мојата соба во текот на ноќта?

Сопственикот на хотелот веднаш испрати одговор, кој гласел:

„Долги години го поседувам овој хотел. Никогаш не сум имал случај во кој кучето украло крпи, постелнина, прибор за јадење или слики од ѕидовите. Никогаш не сум морал да го бркам кучето ноќе бидејќи било пијано и го нарушувало редот. Никогаш не се случило куче да избега без да си ја плати сметката. Значи Вашето куче е добредојдено во мојот хотел. И ако тоа може да гарантира за вас, вие сте исто така добредојдени!

Сподели на Facebook
пати видено