Погледнете си ги ноктите: дали во основата гледате светла полумесечина? Тоа е т.н. лунула. По правило, повеќето луѓе се родени со тоа, но со тек на возраста, лунулите кај некои можат целосно да исчезнат, а кај други да избледнеат. Но, излегува дека состојбата на лунулата може да биде показател и за состојбата на некои органи.

Според официјалнта медицина, некои болести можат да се дијагностицираат и според ноктите, поточно според лунулата. Имено, ако лунулата присуствува на прстите на вашите раце – тоа е знак дека сте во добро здравје. Но ако се избледнети, лошо оцртани или воопшто ги нема, тоа е знак дека треба да се заслушате во вашето тело. Еве што кажуваат вашите прсти.

1. Лунулата на палецот е најзабележлива и ја одразува состојбата на мозокот и белите дробови. Кај страсните пушачи таа може да избледнее или значително да се намали, но исто така може да биде показател и за ментални проблеми, или дури сериозни заболувања како шизофренија.

2. Исчезнатата лунула на показалецот посочува кон проблеми во дебелото црево, црниот дроб и панкреасот, како и хронични заболувања во горните дишни патишта.

3. Средниот прст е одговорен за срцето и крвните садови. Недостатокот на лунула таму може да сигнализира за дистонија на крвните садови и срцева аритмија. Во случај да отсуствува лунулата на средниот прст, обрнете внимание на крвните садови.

4. Слабо забележливата лунула на безимениот прст загатнува за проблеми во лимфниот систем, ендокриниот систем и нарушена размена на материи.

5. Лунулата на малото прсте може да исчезне целосно, и тоа ја одразува состојбата на цревата.

Исто така, обрнете внимание и на бојата на лунулата. Жолтата боја покажува очигледни проблеми со црниот дроб, синкавата – слабо срце, а белите дамки посочуваат дека телото има недостаток од цинк. Жолтата боја открива нарушување на мозочната функција.

Не потценувајте ги сигналите на вашето тело!

Сподели на Facebook
пати видено