Дали ја имате онаа мистериозна способност секогаш да помните лица? Ако е така, можеби сте дел од ретката група на луѓе, познати како „супер препознавачи“ кои можат да идентификуваат барем 80 отсто од луѓето кои ги виделе. Со помош на ваквите луѓе во нивните тимови, лондонската Метрополитен полиција ги препознава криминалците на матните фотографии и снимките од видео набљудувањето. Направете го овој тест за да видите дали би можеле да им се приклучите.

Тестот нема да ви одземе време, само околу пет минути и опфаќа гледање во разни лица во траење од осум секунди пред да се идентификува точното лице помеѓу осум други.

29A58CA300000578-3125173-image-a-32_1434392908554

Обичните луќе можат да препознаат околу 20 отсто од лицата кои ги виделе само еднаш, но супер препознавачите препознаваат 80 отсто. Психолозите сѐ уште се збунети од оваа способност, но веруваат дека тоа има некаква врска со два мали региони на двете страни од мозокот.

Иако нивната способност сѐ уште останува мистерија, тие биле познати уште пред многу векови. Римските императори ги задолжувале да стојат зад нив во настаните со големи луѓе, за да можат да дознаат кој е пријател, а кој враг. А денес, тие се дел од лондонската полиција. Нивната помош била употребена и при немирите во 2011, при што супер-препознавачите се одговорни за 30 отсто од идентификувањата, при што еден полицаец со вакви способности препознал околу 300 луѓе, во споредба со компјутерската програма за препознавање со помош на која било препознаено само едно лице. Неодамна со помош на супер-препознавачи бил откриен убиецот на 14-годишната Алис Грос, којашто исчезнала во Западен Лондон. Убиецот бил градежниот работник од Латвија, Арнис Залкалнс.

29A57CCD00000578-3125173-image-m-38_1434392944444 29A58C6300000578-3125173-image-a-39_1434392959208

Но, ваквата исклучителна способност вообичаено си има своја цена. „За обичните нешта сум многу заборавен“ вели Пол Хиланд од Скотланд Јард, еден од супер-препознавачите. „Честопати ќе влезам во соба и ќе заборавам зошто сум влегол, или ќе отидам во продавница и ќе купам сѐ, освен она за што сум отишол.“

Д-р Џош Дејвис, професор по психологија, вели дека ова е често кај супер-препознавачите. „Се чини дека нивната моќ се сведува на препознавањето лица. Кога тестиравме дали можат да препознаваат цветови подобро од другите луѓе, тие не можеа.“

Ако погодите повеќе од 10, можеби сте дел од 1-2% од населението за кои се верува дека се „супер препознавачи“.

ТЕСТ ЗА СУПЕР-ПРЕПОЗНАВАЧИ

Сподели на Facebook
пати видено