Има правилем и погрешен начин да се одгледа бебе на веганска храна, тврдат експертите. На почетокот на овој месец, мајка од Пенсилванија, САД, била обвинета за доведување на своето дете во опасност затоа што го хранела со мали количества оревести и зрнести плодови. Во Италија е предложен закон со кој подложувањето на деца под 16 години на ваков вид исхрана да се смета за кривичен престап.

Но, тие случаи не се однесуваат на веганството воопшто, туку се случаи на запоставување, тврдат родителите кои ги воспитуваат своите деца да го следат овој начин на исхрана од етички причини. Фулвија Сера од Колорадо, САД, која го храни своето едногодишно дете со веганска грана, вели дека поистоветувањето лошата родителска грижа со веганската исхрана е нефер кон оние кои работата си ја вршат совесно.

Fulvia Serra

„Тие ги истакнуваат елементите на веганизам во овие случаи, но не се работи за тоа дка овие родители на своите деца не им ја дале потребната разновидност во исхраната, туку за тоа дека не ги хранеле доволно“, вели таа. „Да доведеш дете до точка на изгладнетост значи цело време да го игнорираш него и неговото плачење. Тоа е запоставување.“

gl03

Книгата „Педијатриска исхрана“ на Американската академија на педијатри издвојува посебно поглавје на вегераијанството и веганските диети. Во него се твди дека со добро планирање, возможна е урамнотежена исхрана и за вегетаријанците. Шела Маг, ендокринолог при Националниот систем за детско задравје вели: „Може да се каже дека за децата е возможна здрава вегетаријанска исхрана, но тоа мора да биде во консултација со педијатар или друг здравствен работник. Има критични периоди за развојот на мозокот и мора многу да се внимава.“

gl01

Идеалната прва храна за бебињата е мајчиното млеко и многу мајки се решаваат да дојат.

„Но, за вас кои што не можете или не сакате да доите, единствената друга опција којашто ви преостанува е формула врз база на соја“, вели таа. „Клучните хранливи материи за бебињата се витамините В12 и D, како и железото, цинкот и калциумот. Снабдувањето со В12 кој го има во млекото и јајцата е од голема важност во веганската исхрана бидејќи недостатокот од него може да доведе до невролошки проблеми.

Како што бебињата растат и почнуваат да јадат цврста храна, родителите мора да се погрижат да ги обезбедат сите хранливи материи неопходни за здрав и правилен развој.“

Сподели на Facebook
пати видено