Оди еден човек во општината и ѝ вели на соодветната службеничка:
– Госпоѓо, сакам да си го сменам името!
Оваа го погледнува над очилата и му вели:
– Како што ве гледам, имате околу 40 години, сега ли ви текна да си го менувате името?!
– Не можам повеќе со вакво име, воопшто не ми се допаѓа! – и одговара нашиот херој.
– Добро, штом сте решиле! – вели службеничката и ги вади потребните документи.
– Име? – прашува службеничката.
– Иван Лајнарски – со загриженост вели нашиот човек.
Оваа го погледнува со длабоко сочуство и продолжува:
– Како сакате да ви биде е новото име?!
– Стојан Лајнарски!

Сподели на Facebook
пати видено