Некои луѓе се плашат од пајаци, други од змии, трети од височина, фобиите се нешто што треба сериозно да се сфати. Но, од каде доаѓа овој огромен страв од одредени работи и дејства? Постојат неколку теории за фобии.

Првата се нарекува „Директна асоцијација“ и за прв пат била тестиран од Џон Вотсон и Иван Павлов. Според оваа теорија, фобиите се формираат директно по негативен судир со нешта и настаните. На пример доколку некого го каснало куче, голема е веројатноста да развие страв од кучиња.

Втората теорија се нарекува „Генетски предуслов“. Сите забележуваме дека вознемиреноста се пренесува преку генерации, иако научниците не се сосема сигурни за причината. Веројатно поради ниски нивоа на невротрансмитери или поради карактеристики на нервниот систем. Така што родителите можат да ги пренесат своите стравови несвесно, врз децата.

Третата теорија е „Учење преку набљудување“. Како што можеме да научиме секакви добри работи од пријателите, родителите, наставниците, луѓето од телевизијата и интернетот, на истиот начин можеме да стекнеме и одредена фобија. На пример, доколку гледате на телевизија како некој има фобија од паста за заби и може да ви биде смешно, но, ова може да биде „будилник“ за некој ваш страв кој може да се претвори во фобија.

Четвртата теорија се однесува на модерните медиуми е го опфаќа „Преувеличување на информациите“. Додека гледаме телевизија или пак разгледуваме вести и новости на интернет можеме да забележиме дека медиумите ги преувеличуваат вестите и ги прават да изгледаат „пострашни“ за да бидат читани и гледани. Тоа ни создава постојан страв од сè што нè опкружува. На пример, кај некои луѓе вестите дека во одредено место има крадец ќе предизвикаат личноста да не излегува од дома и слично.

Сподели на Facebook
пати видено