„Сите зборуваат за тоа колку е скапо да се опреми прваче, никој не кажува колку е тешко кога тинејџер ќе ти побара патики од 7.000 денари, а платата доцни.”

Вака започнува приказната на 42-годишниот Димитар, кој неодамна се соочил со прашањето кое честопати си го поставуваме – од каде да позајмам пари?

Одобрувањето на кредит преку банка е тежок и комплициран процес, за кој ви треба многу време и уште повеќе документи. Да побараш пари од пријател, пак, некогаш е многу потешко и од чекањето на банката.

„Форца“ ми ја предложи колега од работа. Секако дека ја знам „Форца”, кој не ги знае рекламите со Игор Џамбазов, но си велев земање кредит по интернет не е за мене, сигурно е комплицирано. Ама кога си во тесно, ќе пробаш сѐ. Отидов на Forza.mk и првото нешто што го видов на насловната страница беше пријавата за кредит. Ги оставив само основните податоци и за нецели 10 минути, телефонот веќе ми ѕвонеше и за кратко време мојата апликација веќе беше на разгледување. За еден час на сметка ги имав парите и не ми се веруваше колку е сето тоа брзо. Па, дури и за некој што поим нема од компјутери. А пред некое време дознав дека можело и по телефон да се аплицира. Е тогаш не знаев! – низ смеа вели Димитар.

Но, според него, одобрувањето на кредитот не бил најдобриот дел од целото искуство, туку моментот кога дознал дека за првата апликација – каматата е нула денари, т.е. дека нема камата!

– Како да позајмив од пријател! Не, дури и подобро, зошто вака не морав да се срамам и да мислам како ќе му речам и што ќе му речам – вели тој.

Сите знаеме некој како Диме, а често и самите сме во таква положба. Како и за сите други работи, секогаш е добро да се има резервен план за секоја ситуација, па и за тие најнезгодните.

Сподели на Facebook
пати видено