За време на доцниот 19. век, непалски регион во близина на Хималаите бил тероризиран од најозлогласениот и најкрволочниот човекојадец на сите времиња. Биле напаѓани мажи, жени и деца. Нападите биле толку чести и толку крвави што луѓето почнале да зборуваат за демони, па дури и дека се работи за божја казна. Но, вистинскиот виновник била бенгалска тигрица која била застрелана од ловец. Успеала да избега, но куршумот ѝ скршил два од нејзините заби очници. Во постојани болки и веќе неспособна да го лови својот вообичаен плен, тигрицата започнала да јаде луѓе.

tg02

Ги започнала своите напади во Непал, во близина на Хималаите, и постојано демнела луѓе кои минувале низ џунгата. Биле праќани ловци да ја убијат тигрицата, но таа успевала да им избега. На крајот дури била повикана и непалската армија. И покрај тоа што не успеале да ја фатат или убијат тигрицата, војниците успеале да ја натераат да ја напушти својата територија и ја истерале преку границата (реката Сарда) во Индија, каде што продолжила со нејзините убиствени активности, овојпат во областа Кумаон.

tg03

На крајот се охрабрила уште повеќе и започнала да убива луѓе среде бел ден, демнејќи во близина на самите села. Животот во регионот бил парализиран, при што луѓето секогаш кога ќе го слушнеле нејзиниот крик од шумата, не сакале да ги напуштат своите куќарки и да тргнат на работа.

Во 1907 година тигарот го убил британскиот ловец Џим Корбет. Животното убило 16-годишно девојче во градот Чампават и оставило крвава трага зад себе, која Корбет ја следел. Корбет успеал да ја најде тигрицата следниот ден, при што ја застрелал. Посмртниот преглед на тигрицата утврдил дека ѝ биле скршени горниот и долниот очник на десната страна, поради што не можела да го лови својот вообичаен плен. Додека да биде уловена, таа убила 436 луѓе, а ова се само официјално забележаните жртви. Се претпоставува дека вистинската бројка е поголема.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено