Американец, Буда и Итар Пејо одат во пеколот!
Ѓаволот им вели:
– Ви давам шанса да отидете во Рајот. Ќе ве удрам 3 пати со мојот чекан, имате право да се браните со што сакате. Ако ги издржите трите удари без да вреснете – одите во рајот, ако не – останувате во пеколот!
Прв бил Американецот. Тој избрал да се брани со штит, но уште од првиот удар на ѓаволот тој вреснал и останал во пеколот. Следен бил Буда. Тој одлучил да се брани со медитација. Прв удар со чеканот – Буда не мрда, втор удар со чеканот – Буда пак не мрда, трет удар со чекан и ништо, сè си е во ред со Буда. Ѓаволот му рекол:
– Ајде Буда, слободен си. Може да одиш во рајот.
Но Буда рекол:
– Јас ќе почекам уште малку да видам како Итар Пејо ќе издржи, нели во сите вицови победува тој.
Така дошол редот и на Итар Пејо.
Ѓаволот го прашал:
– А бре Пејо, ти со што ќе се браниш од ударите на мојот чекан?
Пејо со насмевка одговорил:
– Како со што бе Ѓаволе? Па со Буда!

Сподели на Facebook
пати видено