Полицијата на округот Вилтшир ги објави фотографиите од својата акција во напуштен нуклеарен бункер од 80-тите, каде што откри една од најголемите плантажи за марихуана до сега. Бункерот се состоел од 20 простории распоредени на два ката, секој од нив со димензии 60 на 20 метри. Полицајците почнале да го надгледуваат бункерот и фатиле тројца мажи кои излегле од него, а потоа со акцијата внатре фатиле уште тројца „земјоделци“.

Сподели на Facebook
пати видено