Еден ирски дедо напишал поучно писмо за неговите пет внуци само неколку месеци пред неговата прерана смрт. Во писмото споделил мудрости како: „Бидете благодарни. Има една ирска поговорка – Ова е еден ден од нашите животи, и тој нема да се врати. Живејте го секој ден имајќи го ова на ум.“

На 3. септември 2012 Џејмс К. Фланаган од Вест Лонг Бранч, Њу Џерси, неочекувано починал од срцев удар. Писмото, кое во продолжение ќе можете да го прочитате,  на своите пет внуци им го напишал само неколку  месеци порано и истото подоцна било објавено со одобрение од неговата ќерка Рејчел .

Мили мои Рајан, Конор, Брендон, Чарли и Мери Кетрин,
Мојата мудра и промислена ќерка Рејчел  побара да ви напишам некои совети, важни неша кои јас сум ги научил за животот. Го започнувам ова на 8. април  2012, во очи  мојот седумдесет и втори роденден.

  1. Секој од вас е прекрасен Божји дар  за вашето семејство, како и за целиот свет. Секогаш присетувајте се на тоа, особено  кога студените ветришта на сомнежот и обесхрабрувањето ќе се надвиснат над вашиот живот.
  2. Не плашете се….од никого и од ништо кога станува за тоа да го живеете својот живот во целата неговота полнота. Следете ги вашите надежи и соништа без разлика на тоа колку тешки и „поинакви“ може да им се чинат на другите. Премногу луѓе на овој свет не го прават тоа што го сакаат или што би требало да го прават бидејќи си замислуваат што би кажале или би си помислиле другите.  Запомнете, ако не ви носат кокошја супа кога сте болни или не застануваат крај вас кога сте во неволја, тогаш [нивното мислење] нема никакво значење. Избегнувајте ги оние песимисти со огорчена душа кога ќе ги ислушаат вашите соништа велат, „Да, но што ако….“ По ѓаволите со „што ако…“ Направете го тоа! Најлошото нешто во животот е да погледнете наназад и да си кажете нешта како : „ќе бев…; можев да…; би требало да….“. Ризикувајте, правете грешки.
  3. Секој на овој свет е само обична личност. Некои луѓе можеби носат отмени шапки или имаат големи титули или (привремено) поседуваат моќ и сакаат да мислат дека се нешто над другите. Не им верувајте. И тие ги имаат истите сомнежи, стравови и надежи;  тие јадат, спијат и прдат како и сите други. Секогаш доведувајте ги авторитетите под прашање, но бидете мудри и внимавајте на кој начин го правите тоа.
  4. Направете листа на сите нешта коишто сакате да ги направите во животот: да патувате на некои места, да научите некаква вештина, да совладате некој јазик, да запознаете некој посебен. Направете ја листата долга и секоја година спореведете на дело некои нешта од неа.  Не велете „Ќе го направам тоа утре“ (или следниот месец или следната година). Тоа е најсигурниот начин да доживеете неуспех во нешто. Нема никакво утре и нема другво  „вистинско“ време да се почне нешто освен точно сега.
  5. Практикувајте ја ирската поговорка: Moi an olge agus tiocfaidh sí  – „Фалете го детето и тоа ќе цути“.
  6. Бидете милозливи и помагајте им на другите луѓе –особено на слабите, оние кои стравуваат и на децата. Секој од носи некаква особена тага и потребно им е нашето сочувство.
  7. Не приклучувајте се во ниедна воена или било каква друга организација која ќе ве обучува да убивате. Сите војни се започнуваат од стари луѓе кои ќе ги присилат или заблудат младите да се мразат и убиваат едни со други.  Старите ќе преживеат, бидејќи тие војната ја започнуваат со пенкало и хартија, и на ист  начин ја завршуваат. А толку многу добри и невини луѓе ќе умрат.  Ако војните се толку добри и благодородни, зошто тогаш  самите тие водачи кои ги започнуваат не застанат во првите редови?
  8. Читајте книги, колку повеќе можете. Тие се прекрасен извор на задоволство, мудрост и инспирација. На нив не им се потребни ни батерии ни врски и можете секаде да ги понесете.
  9. Бидете вистинољубиви.
  10. Патувајте: секогаш но особено додека сте млади. Не чекајте додека да имате „достаточно“ пари или додека се не е „под конец“. Тоа никогаш не се случува. Земете си го пасошот уште денес.
  11. Одберете ја вашата работа или професија затоа што сакате да ја работите. Се разбира, ќе има некои потешкотии, но работата мора да претставува задоволство. Пазете се од прифаќањето на некоја работа само заради парите – тоа ќе ви ја осакати душата.
  12. Не викајте. Тоа не вродува со плод и ве повредува и вас и другите. Секогаш кога сум се развикал, сум доживеал неуспех.
  13. Секогаш ветувајте им на децата. Не велете „ќе видиме“ кога мислите „не“. Децата ја очекуваат вистината; дајте им ја со љубов и љубезност.
  14. Никогаш на никого не велете дека го сакате ако не го чувствувате тоа.
  15. Живејте во хармонија со природата; излегувајте надвор, в шума, на планина, на море, во пустина. Тоа е од големо значење за вашата душа.
  16. Посетете ја Ирска. Таму е зачната душата на нашето семејство – особено Западот: Роскомон, Клер и Кери.
  17. Гушкајте ги луѓето кои ги сакате. Кажувајте им колку ви значат, сега – не чекајте да биде предоцна.
  18. Бидете благодарни. Ова е еден ден од нашите животи, и тој нема да се врати. Живејте го секој ден имајќи го ова на ум.

Како што пишува на неговата посмртница, Џемс К. Фланаган „беше горд либералец и непоколебливо се бореше за потиснатите. Тој беше успешен автор, поет и „сеанчаи“ – ирски раскажувач на приказни; тој уживаше да раскажува за радоста на растењето како католик во Џерси Сити и за неговите авантури во  планините Адирондак и на западното ирско крајбрежје. Неговата најголема љубов беше да го минува времето со своето семејство, а најмногу со неговите петмина внуци Рајан (11), Конор (10), Брендон (9), Чарлс (8) и Мери Кетрин (5).“

Сподели на Facebook
пати видено