На вас можеби ви е тешко да ги одржите во живот домашните растенија кои ги чувате во саксија, но ова фасцинантно бонсаи дрво е жител на планетава речиси 400 години. Засадено во 1625 година, дрвото е старо 391 година, и ако ова не ви е доволно впечатливо, ја преживеало и атомксата бомба во Хирошима. Дрвото припаѓало на семејството Јамаки, кое во 1945 година живеело на само 3,2 километри од местото каде што американските воени сили фрлија бомба која уби околу 140 000 луѓе. На големо запрепастување, и дрвото и семејството Јамаки го преживеале ударот релативно неповредени.

bn01

Дрвото сега се наоѓа во американскиот Национален Арборетум во Вашингтон. Било дадено како подарок на САД од страна на бонсаи мајсторот Масару Јамаки во 1976 година. Персоналот во арборетумот воопшто не знаел за врската на овој бел бор со Хирошима сѐ до 2001 година, кога внуците на Јамаки им ја објасниле исклучително невообичаената историја за време на нивната посета на збирката.

bn02

Сподели на Facebook
пати видено