Гигантот Боинг ја купил компанијата Aurora Flight Sciences, фокусирана на развојот на автономни електрични авиони. Потегот ја потврдува посветеноста на Боинг да го реализира своето прво беспилотно комерцијално патничко возило во реалност.

Аурора доби значителен број на признанија во 2016 година, кога Агенцијата за напредни истражувачки проекти им додели договор за изградба на авионот кој слетува и полетува вертикално (VTOL) X-Plane. Убер исто така ја ангажирале фирмата за да им помогнат во изградбата на нивното летечко такси.

Оваа спојување ќе овозможи да се комбинира експертизата на докажаниот автономен произведувач на електрични авиони, кој има изградено и управувано со повеќе од 30 возила без пилоти во нивните 20 години постоење и гигантот Боинг кој инвестира во аеронаутика повеќе од еден век. Ваквата комбинација може да доведе до првите целосно автономни електрични авиони.

Развојот на летечките возила најверојатно ќе продолжи да се движи нагоре, особено сега кога Боинг е најавен како спонзор на натпреварот од 2 милиони долари за испорака на следната генерација на летачки машини. Ербас, уште еден авијациски гигант, исто така работи на VTOL такси, кое би можело да лета и наредната година, што значи дека нема да чекаме долг период кога личниот превоз ќе се „вивне во небото“.

Сподели на Facebook
пати видено