Откако во 1705 година се разболела од непозната болест, Марџори Мекол од Ирска починала. Лекарите и нејзините најблиски решиле да ја погребаат што е можно порзо, за да не се прошири болеста која што ја убила. Во тоа брзање сопругот на Марџори заборавил да го извади скапоцениот прстен кој го носела. Поради тоа телото на жената станало мета на крадците, кои ги слушнале гласините од луѓето на скапоцениот прстен.

Вечерта по погребот на Марџори, крадците се појавиле и почнале да копаат. Тие бргу стигнале до ковчегот и кога го виделе прстенот веднаш сакале да го земат од покојната. Но, нејзиното тело било подуено и тие не можеле да го извлечат и затоа решиле да и го исечат прстот. Штом потекло малку крв, жената се разбудила од длабоката кома и почнала да вреска од ужас и страв.

Судбината на крадците останува непозната и до денес. Според некои приказни неколку од мажите умреле на место, откако виделе како „мртва жена“ воскреснува. Други тврдат дека крадците избегале и никогаш повеќе не се осмелиле да украдат нешто.

Но, се знае што се случило со Марџори. Таа успеала да излезе од сопствениот гроб и да дојде до нејзината куќа. Нејзиниот сопруг Џон, кој бил лекар, бил дома со своите деца, кога слушнал силни удари по влезната врата. Тој им рекол на неговите деца: „Да беше мајка ви жива, би се заколнал дека ова е начинот на кој таа чука.“

Кога Џон ја отворил вратата и ја видел неговата сопруга во облеката во која што била погребана и со крвави раце, тој паднал и умрел. Џон бил погребан веднаш до местото каде што претходно била погребана неговата сопруга.

Марџори се омажила повторно и родила неколку деца. Кога навистина починала, нејзиното тело било вратено во Ирска и била закопана повторно на истото место каде што уште стоела нејзината надгробна плоча, но сега биле додадени зборовите „Живеела еднаш, а е погребана два пати“. Приказната за Марџори Мекол кружи низ Ирска со векови, а дали вакво нешто навистина се случило, останува мистерија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено