Бил Гејтс сака да покаже колку е важен оброкот за децата во сиромашните земји од третиот свет. Тој смета дека во тие земји има многу потенцијал во децата, но доколку децата не добиваат соодветна исхрана нема да можат да се сконцентираат на едукацијата. Во видеото Гејтс ги раскажува животите на две деца на 8-годишна возраст од различни држави во Африка и со различен начин на живот.

Винсент Зимба од Нангома, Замбија е 8-годишно момче кое секој ден работи напорно, но иако омилена храна му е пилешкото месо, Винсент многу ретко јаде место. Семејството на момчето може да си дозволи само „иншима“, пченкарен оброк со малку зеленчук, кој го подготвува неговата мајка. Албрајт Онјанго е девојче од Кибера, Кенија. Нејзината мајка се грижи за 5-те деца така што продава традиционално јадење наречено самоса. Најчесто појадокот на Албрајт клучува леб и чај, а понекогаш добива и од самосите на нејзината мајка.

Во нивниот град често се подава „њама тума“, што значи зготвено месо, но семејството на Албрајт не може да си го приушти месото. Единствениот нутриционистички оброк кој Албрајт го добива е во нејзиното училиште, каде што таа и нејзините соученици јадат грашок, ориз и зготвена зелка. Омиленото јадење на Албрајт е „кишвали пилав“, зачинето јадење со грашок.

Потоа Бил Гејтс се упатува кон училиште во Танзанија, Качиба. Тој решил да им се приклучи на 8-годишните деца во нивниот ручек. Родителите на децата доброволно се пријавиле да приготват ручек според училишната програма. Гејтс смета дека храната е многу важна затоа што дополнително ги мотивира децата да посетуваат настава, освен што е добро за нивното здравје.

„Училишниот оброк е навистина за образованието, да ги натера децата да дојдат и да имаат доволно енергија за навистина да учат додека се таму. Тоа е одлична работа. Не го решава секој проблем, но дефинитивно е дел од решението.“, вели Гејтс.

Сподели на Facebook
пати видено