Докторите му дадоа прекар на 6-месечното бебе „Чудесната Матилда“ откако ја вратиле од мртвите. Кога нејзината мајка, Рејчел Нореј ја родила Матилда таа престанала да дише цели 22 минути. Родителите на Матилда велат дека им должат се на светот на тимот од лекари.

34-годишната Рејчел Нореј многу крварела кога била донесена во болницата. Таа доживеала плацентарна абрупција, односно плацентата почнала да се одделува од матката. Таа била однесена на интензивна нега затоа што изгубила 6 литри крв, а новороденчето било во критична состојба. Иако шансите биле многу мали лекарите успале да ја спасат Матилда и кога имала само 5 часа била префрлена во друга болница, а нејзината мајка успеала да ја види дури по два дена.

Кога на таткото на Матилда му било кажано да се подготви за најлошото, тој организирал крштевка во креветот на Матилда кога имала само 3 дена.

„Тоа беше чудо. Во наредните денови не можевме да поверуваме што се случува. Ни кажаа колку имаме среќа и дека шансите за вакво нешто да се случи се скоро нула. “ вели таткото на Матилда, Ден.

Родителите велат дека нивното малечко преживеало благодарение на одлучноста на докторите и тие сакале да ги запознаат сите за да им се заблагодарат лично. Матилда редовно оди на лекарски проверки и таа сега за сега е 6-месечно здраво бебе.

Нејзините родители велат дека сеуште има опасност од здравствени проблеми поради тоа што го проживеала но сепак се среќни што Матилда преживеала.

Сподели на Facebook
пати видено