Темелите на базиликата Св. Петар биле поставени на 18. април 1506 година, и една од најголемите цркви во историјата ја почнала својата историја. За последните 500 години оваа градба имала доволно време да насобере тајни.

Во неа има повеќе уметност отколку во било кој музеј

b01

Базиликата Св. Петар е една од најголемите цркви во светот и еден од најпрекрасните споменици на христијанската религија. Исто така, во неа се сместени повеќе уметнички дела од било кое друго место. Во базиликата има половина милион книги и ракописи, а да не говориме за сите фрески, скулптури и сета таа величествена архитектура. Во суштина, папата ја има најголемата и најскапа уметничка колекција во светот.

Овде можете да го видите потписот на Микеланџело

b02

Ова е Микеланџеловата Пиета. Тоа е единственото дело кое воопшто го потпишал. Потписот се наоѓа на појасот на Богородица. Ова уметничко дело постојано било оштетувано од вандали, сѐ додека не го сместиле во стакло отпорно на куршуми.

Тајната соба на Микеланџело

b03

Славниот ренесансен уметник Микеланџело последните 17 години од својот живот ги поминал во базиликата. Во неа почнал да живее во 1547 година. Во тој период го сликал таванот на Систинската капела. Точното место кадешто се наоѓала собата не е познато.

Членовите на Швајцарската гарда се сите неженети

b04

Дами, ако барате романтична љубов во Рим, ќе најдете 120 ергени како стојат крај базиликата Св. Петар. Ќе ги препознаете по тоа што носат сини, портокалови и жолти униформи коишто изгледаат апсолутно нефункционални.

Најдоброто седиште во куќата

b05

Најголемото седиште во базиликата е Тронот на Св. Петар, на кој според легендата седел самиот апостол. Но таа легенда не е точна. Историски доказ посочува кон тоа дека столот во употреба бил од 875 г. кога му бил даден на папата Јован VIII од страна на Карло Ќелавиот.

Древната скулптура од отпаден метал

b06

Раскошниот балдахин кој стои во внатрешноста на базиликата бил осмислен од Лоренцо Бернини. Го изработил од 927 тони бронза којашто била соберена од стариот Пантеон во 1633.

Античката базилика

b07

На местото на базиликата Св. Петар имало друга базилика изградена од древните Римјани. Се наоѓала на местото кадешто денес се наоѓаат Ватиканските градини. Се вели дека во 1939 година папата Пиј XII одобрил ископување близу до тоа место. Гробниците под градината датираат до времето на Етрурците. Таму се откопани останки за кои се верува дека се останките на самиот Св. Петар, кој се смета за првиот папа.

Приватната бања на папата

b08

Т.н. Стуфета Бибиена е толку скришна, што не ќе најдете многу слики со неа. Фотографирањето не е дозволено, а самата оваа фотографија е направена од посетител. Бањата се наоѓа во еден од приватните папски апартмани и е покриена со фрески на голи фигури и митолошки фигури. Биле насликани во 1516 година од страна на големиот уметник Рафаел.

Тајната задна врата

b09

Според една легенда, во базиликата има тајна врата која води до Ватикан, таен влез кој толку грижливо се чува, што се отвара еднаш во сто години. И таа приказна е точна, повеќе или помалку. Таа врата е т.н. Порта Санта, т.е. Светата Порта. Се наоѓа на предниот дел на базиликата, до главниот влез. Вратата е заѕидана, и се отвора еднаш во сто години.

Ватиканската опсерваторија поседува телескоп во Аризона

b11

Раката на црквата е навистина долга. Ватиканскиот технолошки напреден телескоп се наоѓа во Меѓународната опсерваторија на Монт Греам во Тусон, Аризона.

Сподели на Facebook
пати видено