Ауровил (Градот на Зората) е експериментална општина во областа Вилупурам во државата Тамил Наду, во близина на градот Пондичери во Јужна Индија. Градот е основан по порект на францускиот архитект Роже Анже, во 196 година, од страна на Мра Алфаса, која во Индија е позната како „Мајката“.

Ауровил е замислен како универзална населба, кадешто луѓе од сите краишта ќе живеат во мир и хармонија, општина без никакви религии, идеологии, партии, пари, бирократии…со други зборови, да изградат утопија која ќе биде вистински рај на земјата, кадешто луѓето ќе можат вистински да се обединат. Но дали овој проект од времето на хипи движењето се покажал успешен, дознајте од прекрасната репортажа на Меди Кровел, самостојна новинарка-репортерка која известува од Индија.

auroville

Неволја во Утопијата

Градот Аурвил во Индија бил замислен како заедница без влада, пари, религија и раздор. Но,не тргнало по планот.

Мислев дека шише црвено вино ќе биде соодветен подарок за една утопија. Беше јуми во Пондичери, мал сонлив град во Бенгалскиот залив, карактеристичен по постколонијалното влијание, и попладневната жега притискаше, достигнувајќи нешто повеќе од 37 степени. Облеката ми стана мокра додека да најдам продавница за алкохол, една валкана продавница од типот на дупка во ѕидот во типична јужноиндијска улица полна со пастелни храмови.

По тричасовен лет од Делхи до Ченај, и „тричасовно“ возење со автобус од Ченаи до Пондичери, кој всушност траеше повеќе од пет часа, најполсе стигнав до последната дел од патот најголемата постојна духовна утопија во светот, Ауровил, ака „Градот на зората“.

Ги повикав Маха Травелс, такси услуга која ми беше обезбедена од страна на мојата домаќинка во Ауровил, жена која ќе ја наречам Шанта, којашто ја најдов на веб страницата наречена AuroHost. „Треба да одам во Ауровил“, кажав преку телефонот, давајќи го името на најблискиот ориентир кој можев да го видам од продавницатаза алкохол во Пондичери – ресторан кој имаше Ауро во името (опсесијата, ако не и фанатизам, по индискиот духовен гуру Шри Ауробиндо резултирала со лепење на „Ауро“ на многу продавници и ресторани во Пондичери).

Во рамките на еден час, елегентна климатизирана кола пристигна да ме собере. Такси возачот во свежо испеглана кошула со јака, човек од Тамил наду, го измерка шишето вино. „Ве молам, скријте го тоа“, ми рече. Го стави шишето во преградата и ми даде нејасен одговор дека полицијата наплаќа казни за алкохол.

Прашав дали алкохолот е дозволен во Ауровил.

„Не“, рече тој. „Но никој не го следи тоа правило.“

Се возевме во тишина дваесет минути по Ист Коуст Роуд, пат полн со моторцикли, минувајќи крај светло обоени штандови за чај и самоса. Во остар свиок од 90 степени, таксито скршна од патот кон необележан црн пат кадешто ѕид од дрвја обраснати со лисја им стави крај на хаосот и боите – и веќе не се наоѓавме во Индија.

au01

Ауровил бил рачно изграден од страна на „децата на цвеќето“ во шеесеттите. Тоа беше „психолошка револуција“, како што забележува В.М. Саливан во, својата книга „Зазорувањето во Ауровил“, потфат во кој марксистичкиот социјализам се сретнал со анархијата. Таму нема пари, нема влада, ни религија, облакодери или автопати, нема весници со наслови за војни, сиромаштија или геноцид. Изграден од страна на 50.000 луѓе, Ауровил денес има само околу 2500 постојани жители и околу 5000 посетители – самоизгнаници од повеќе од 100 земји. Ауровил не бил само хипи прибежиште; бил осмислен да биде пример за самата Индија. Според пресуда на Индискиот врховен суд од 1982 година, Ауровил е „во согласност со највисоките идеали и аспирации на Индија“. Индиската влада секоја година донира повеќе од 200.000 долари, а УНЕСКО го заштити градот уште од неговото раѓање во 1968 година.

Но, за една утопија, Ауровил има голема листа на валкани проблеми; високо рангирани на листата се случаите на грабеж и сескуални злоставувања во оваа необезбедена заедница опкружена со локални села, и имало повеќе драстични случаи на силување, самоубиства, па дури и убиства.

au02

Моето такси се пробиваше како змија низ патиштата од светло црвеникава земја подлабоко во шумата, минувајќи крај продавници со маици со Боб Марли обесени надвор како алишта за сушење. Правливите знаци со нејасни стрелки посочуваа во различни правци кон „Психијатриски центар за лекување, 1km“ или „Центар за еволутивна свест“.Колку подлабоко навлегувавме во шумата, толку сѐ пофутуристички стануваа знаците и зградите: обликувани, современи стаклени структури извираа од скриените процепи во шумата, со имиња како „Аспирација, Сигурност, Осаменост, Дисциплина и Милост“.

Дали се возевме во огромен круг или по права патека, не знаев: Патиштата беа лавиринт од комплицирани необележани патишта и слепи улици. На крајот налетавме на една златна купола во стилот Бакминстер Фулер, која никна од земјата.

„Матримандир“, рече мојот возач, посочувајќи од прозорецот. „Душата на Ауровил.“

au03

„Што е тоа?“ Прашав. Зградата беше обликувана како топче за голф, но се чинеше дека служи како мравјалник, со купчиња луѓе кои во тури одеа кон центарот,  изграден од плочи од вистинско злато и има стерилно бела двокатна внатрешност со скалила кои во спирала се извиваат кон врвот на мрачна и климатизирана просторија која собира околу 100 луѓе. Неколку странци исчезнаа внатре, додека неколку се измолкнаа од неа. Некои си седеа со прекрстени нозе на клупите под сенчестите дрвја, медитирајќи на силната жега.

aurhram

„Место за медитација“, објасни возачот.

auro

Како што ползевме подлабоко во шумата, прошарана со дрвја на манго, нангка, лимон и папрат, од дрвјата излезе правлив знак на кој пишуваше „Излези од канцеларијата“. Набргу пристигнавме до мала бела куќа изградена од цимент, со дрвен покрив покриен слама. На вратата се пјави жена со голо бебе во нејзините раце, претставувајќи се, како што прават повеќето Ауровилци, само со името: Шанта, мојата домаќинка. Таа се родила во Ауровил, пред некои триесет години, и нејзината појава беше секојдневна и исклучително смирена. Ѝ го пружив виното, коешто таа го прифати срдечно, ако не и жедно.

aurovillkukja

Ме прошета низ куќата во којашто живееше со нејзиниот маж Американец и со две мали деца. Таа беше скромна, со две мали спални соби и една бања. Една од спалните имаше клима-уред, и семејството се собираше околу него за време на изгор дневните часови.

На катот, терасата беше преиначена во импровизиран апартман, кој претставуваше соба со кревет, биро и неколку свеќи. Имаше надворешен туш и џиновски соларен панел кој напојуваше половина од куќата. Тоа беше првиот соларен панел кој го видов во моите десет месеци во Индија. И еден од стотиците, ако не и илјадниците кои имав можност да ги видам за време на мојот престој во Ауровил.

Прашав колку чини киријата за собата, детал кој не беше наведен онлајн.

„Не поставуваме некоја фиксна рата“, рече Шанта. „На Ауровил треба да му платите околу 150 рупии (2.5 долари) за ноќ како гостин, а на нас можете да ни платите придонес кој ќе го сметате за соодветен.“

Се договоривме за 300 рупии (5 долари) на ноќ. Шанта ми ги даде клучевите од еден `рѓосан син моторцикл махиндра и јас ја следев низ лавиринтот од правливи црни патишта до местото наречено Градско собрание.

Набргу открив дека за еден анархистички град, бирократијата на Ауровил ѝ претставува конкуренција на самата Индија. Покрај фактот дека морате да си ги собуете чевлите пред да влезете, Собранието не изгледаше ништо поразлично од било која друга владина зграда во свето: Откос на административни бироа поредени во просториите кои изгледаа како редакции на весник, додека клиентите чекаа да бидат повикани. Се чинеше дека сите на лицата го носеа истиот „губи се од тука“ израз на лицето.

thauro

Една Индијка со светлозелено сари ме поздрави од зад шалтерот со незаинтересирано климнување. Побара копија од мојата индиска виза, којашто заборавив да ја направам.Ме пратија во друга зграда во близина, во просторија означена со лист хартија на кој пишуваше „Фотокопир“. Од кајшто бев седнал, можев да го видам собранието како се протега во коридор од двокатни стаклени згради со простории означени за добро етаблирани групи како Работен комитет, Влезни услуги и Односи со јавноста и медиумите – групи, кои како што можев да дознаам, беа најсличното нешто на влада во една безвладина држава.

th02

Назад во Собранието, со фотокопија од мојот пасош, пополнив стандарден формулар за виза кој го бараше индиската влада. Бев пратен на друг шалтер, кадешто платив во кеш. Жената зад шалтерот ми кажа дека ако го напуштам Ауровил, дури и да минам ноќ во Пондичери, ќе мора да се одјавам и да наведам каде ќе бидам.

aurprosetka

Се упатив надвор на брза тура низ „соседството“, следејќи ги црвеникавите улици до напуштените патеки на празен скејт парк, обоен со графити, една грнчарска работилница, „теретана“ со неколку рачни тегови, и голо поле кадешто наскоро ќе го правев моето секојдневно трчање. Потоа се вратив во мојот нов апартман над домот на Шанта. Исцрпенa, се нурнав под мојата мрежа против комарци и околу 10 вечерта паднав во креветот.

 

Продолжува…

Сподели на Facebook
пати видено