Вчера, додека луѓето низ целиот свет си ги бркаа секојдневните работи и обврски, крај нашата планета мина вселенски камен голем колку една десеткатница. Астероидот, наречен 2017 AG13, бил забележан дури во сабота од страна на Каталинската вселенска набљудувачница на Универзитетот на Аризона. Бил со должина меѓу 15 и 34 метри и се движел со брзина од 16 километри во секунда. Овој вселенски објект се нашол на оддалеченост од Земјата двојно помала од оддалеченоста на месечината, минувајќи преку орбитите на две планети, на Венера и на Земјата.

as01

Што можело да се случи ако астероидот влегол во нашата атмосфера? Според симулаторот за симулирање на удар на астероид наречен „Impact Earth!“ на универзитетот Пердју, ако порозен камен астероид од 34 метри удри во земјата под агол од 45 степени, би експлодирал во воздухот, ослободувајќи енергија од 700 килотони – неколку пати поголема од енергијата ослободена при детонирањето на атомската бомба во Хирошима.

as02

Но, со оглед на тоа што тоа би се случило на височина од 16 километри, ударот веројатно не би имал голем ефект врз тлото на Земјата. Експлозијата на таа височина на земјата би звучел како густ сообраќаен метеж. Според Пердју, вакви удари се случуваат еднаш на секои 150 години. Од друга страна, астероид со приближно иста големина во 2013 година удри во Челјабинск, Русија, предизвикувајќи оштетувања на згради.

Сподели на Facebook
пати видено