Бил Конер возел со велосипедот над 2.200 километри од неговиот дом во Винсконсин до Батон Руж, Луизијана, за средбата со човекот кој го добил срцето на неговата ќерка, на денот на татковците.

20-годишната Аби Конер починала откако била пронајдена во несвесна состојба заедно со нејзиниот брат во базен. Братот на Аби преживеал но таа претрпела големо оштетување на мозокот и по неколку дена била исклучена од апаратите, а четири нејзини органи биле донирани.

Срцето му било донирано на Ломонт Џек, кој што доживеал срцев удар и му било кажано дека му остануваат околу 10 дена живот. Џек понел со себе и стетоскоп за да може Бил да го слушне срцето на неговата ќерка.

Бил Конер, Аби Конер и нејзиниот брат

„Кога знам дека тој е жив, знам дека и Аби живее во него. Нејзиното срце му дава сила да стои.“, изјавил Бил. Аби со своите органи спасила 4 мажи на возраст од 20 до 60 години. Бил изразил желба да се запознае со сите и ги замолил луѓето од болницата да ги извести, но само Џек ја прифатил понудата.

Опкружени со семејството и пријателите на Џек и двајцата мажи се расплакале. Откако го слушнал срцето на Аби, Бил решил и да се пошегува и рекол: „Па, функционира.“ Тој потоа продолжил понатаму затоа што сакал да направи маратон до болницата каде што неговата ќерка починала, во чест на неа.

Сподели на Facebook
пати видено