2014-та година Средношколска забава, полно млади и преубај деца на возраст од 15-18 години, ни ден поќе. Некој се журкаше, некој чатуваше на facebook, а имаше и по некое селфи. Одлична забава hip-hop и RNB музика цела вечер. Латино исто така добро врвеше и се беше за мерак, се топ и доста пријатна атмосвера.

Ама за лошото неки многу.

Од нигде никаде дојде едно чупенце и му вика на брат ми дали ќе можи да пуштиме српско, Северина, Саша Ковачевич, Аца Лукас за да ја крениме атмосферата. Сите седиме ко шок да не има манато. По некое време пуштивме малку Тарапана, Уно Моменто, а имаше и Дај ми сад њен број да раскинем са њом, Име и презиме. Па за малку пожустро со Муштулук, а после то Алкохолна Поплава и Ацо Пејович.

За жал чупето беше во право, во локало се напрај таква урнебесна атмосвера шо синките почнаја салто да прат.

Невелам никогаш шо не се родивме во Германија, САД или пак Австралија, а не велам ниту дека ќе ни беше лошо таму, но сега то не е ни битно, во Македонија сме и тука припаѓаме. Ама стално ќе велам поарно шо се родивме во 90-ста отколку да се родевме во 2000-та, а уште подобро од 2010-та.

Единственото нешто шо му фали на генерациите од 90-сеттите е војската, ама ние одевме на тренинг кај Перката па тој не научи поќе него шо ги учат таму. Да не беше тој сега ќе крадевме маскирани во некоја куќа или пак ќе беше она народната “млади осудени”.

Го фативме последниот нормален период од секоја гледна точка. Пораснавме со Скетмен, Макарена, California love, до ден денес ја чувам касетата со хитојте од 90-сетите. Оазис,Јуритмикс, понешто од Red hot chili peppers и најдоброто од Металика и Линкинг Парк, а Coco Jambo ја пеевме по улици, а Cotton eye Joe и Informer ги бладвавме оти не знаевме шо се пеј. Ни се десија Тоше, Ареа, Нокаут, имаме трауми од детството од сцената со Никола Ристановски во кадата и Архангел во позадина со Uber Makedonische , Britney Spears, Spice Girls и Beck Street Boys и за крај XXL и 100% те љубам.

Не велам разбиравме нешто тогаш, ама како и да е остана во свеста по нешто. Ромарио и Баџо ги фативме на бегање, Ривалдо и Роналдо старио во најдобрите години и Роналдињо со голо во 2002 ра на Симан ко му шутна од зад Уредо ни се импресиите од спoрто, заедно со првите NBA утакмици на МТВ, последните денови на Џордан и почетокот на Коби и Шек. Можам да кажам дека сме последна генерација шо го фати Пангото, Пакмано, Металслухо, Бублето и најверојатно сме последните шо се чувавме грб со грб кај Бутчеро на Мустафа.

Ние сме последните шо го ладеја адаптерот од нинтендото во фрижидеро, а најверотно сме и во последните шо одеа на биљарто за да се дружат, а не да играт биљарто.

Нема да речам шо е поарно и поубо, нема да речам дека ко ја гледавме Касандра ни беше поинтересна од Сила и од Карадај, па нема ни да речам ништо и за турбо фолк емисиите шо ги има на секоја телевизија, секој ден. Ама ќе речам само едно, среќен сум шо се родив и шо растев во 90-сетите неголи сега, познавајки се себе сигурно ќе бев збунет…

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено