Во животот можеме да се најдеме во најразлични ситуации, а некои од нив можат и да ни го загрозат животот. Иако би помислиле дека никогаш не би се нашле во некоја од овие ситуации животот е непредвидлив и носи многу опасности. Ова се неколку работи кои треба да ги знаете за да преживеете кога Вашиот живот е во опасност.

9. Направете оган од телефонска батерија.

Ако се изгубите далеку од цивилизацијата модерните уреди ќе бидат бескорисни. Многу паметни телефони и таблети имаат литиумски (Li-ion) батерии. Ако пробиете таква батерија со нешто остра, тоа ќе предизвика хемиска реакција што ќе предизвика пожар. Се што ви треба е однапред да подготвите огревно дрво.

8. Избегајте од вртлог

Кога би се нашле во вртлог првата логична работа би била да пливаме кон брегот, зарем не? Но всушност ќе одите подалеку од него. Затоа пливајте дијагонално или паралелно со вртлогот за да излезете од струјата.

7. Избегајте од крокодил

Кога се движите во права линија, крокодилот може да трча побрзо од човекот. Сепак, поради кратките нозе и издолжено тело, тие се несмасни на аглите. Затоа за да избегате трчајте цик-цак.

6. Ако Ве „изгори“ медуза

Allergy on the skin after the jellyfish sting.

Медузата може да предизвика невроген шок, алергиска реакција и силна интоксикација на телото. Затоа веднаш исчистете го местото од пипалата, измијте го местото со морска, солена вода. За отстранување на токсините, направете компресија од јаболков оцет или алкохол. Пијте многу вода и посетете го лекарот.

5. Сетете се на „тројното правило“

3 минути без воздух, во просек, додека едно лице не ја загуби свеста;
3 дена без вода, по што доаѓа до дехидратација;
3 недели без храна без сериозно оштетување на здравјето.

4. Залепете ја раната

Да речеме дека правите поправки во куќата: еден невнимателен потег и си ја пресечете раката, а нема завои. Во оваа ситуација, можете да го користите супер лепакот. Не само што ќе ги спои краевите на раната, туку и го дезинфицира местото. Но, сепак е подобро да се посети лекар.

3. Не јадете снег кога сте жедни

Некои луѓе мислат дека е добра идеја да се јаде снег за да се задоволи жедта. Сепак, подобро е да не се стори тоа во критична ситуација. Факт е дека студениот снег ќе го излади Вашето тело и ќе потроши дополнителна енергија за да се загрее телото. спасувачите препорачуваат да го стопите снегот пред да го испиете.

2. Гасење на тава во пламен

Никогаш не истурајте вода врз тава во пламен. Ако пламенот е мал можете да истурите сода бикарбона. Сепак, најефикасен начин да се избегне пожар е да се покрие тавата со густа памучна крпа.

1. Ако раната е премногу длабока

Многу луѓе веруваат дека кога ќе се исечат со остар предмет потребно е веднаш истиот да се отстрани. Сепак, ако раната е длабока, никогаш не треба да го отстраните предметот. На тој начин можете да искрварите, затоа најдобро е да почекате медицинска помош.

Најчесто не го кажуваме ова, но се надеваме дека никогаш нема да ги искористите овие совети.

Сподели на Facebook
пати видено